Манифестацијата ,,Европска престолнина на културата” своите почетоци ги бележи во 1985 година, а како прв почесен домаќин беше грчката престолнина. Овогодинешните лауреати на оваа престижна титула ќе бидат Пловдив, Бугарија и Матера, Италија.

Под покровителство на Европската унија, изборот за кутурна престолнина најпрво ја разгледува независна меѓународна европската комисија со седиште во Брисел, а потоа ја изгласува Советот на ЕУ. Критериумите при изборот највеќе се фокусирани на подготвеноста на градовите  да ги организираат овие културни настани на највисоко можно ниво.Со овие средства потоа ќе бидат финансирани други проекти во културата во ЕУ.

Истоимената манифестација годинава официјално ќе биде отворена на 19 овој месец во средиштето на Медитеранот, јужно-италијанскиот град Матера, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО. Областите Сасо Кавесо и Сасо Барисано ќе бидат средиште на културните настани, а познати се по праисториските пештери кои и денес се најголема атракција за посетителите.

Вториот по големина град во Бугарија Пловдив, е вториот град во кој ќе се случуваат  овогодинешните најзначајни европските културни настани. Градот има богата историја долга повеќе од осум илјади години. На неговата територија Римјаните изградиле голем број на значајни зданија кои можат да се видат при неговат посета.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР