Дали кај вас постои стравот од вештачката интелигенција и од  идејата дека роботите ќе ја окупираат нашата планета? Во секој случај, нема потреба за тоа …

Докажувајќи дека технологијата може да му послужи на човештвото, во Токио се отвори уникатно кафуле, кое користи роботи наместо обични келнери. Најдобриот дел од оваа приказна лежи во фактот дека роботите се управувани од парализирани луѓе од нивните удобни домови.

Dawn Cafe, кој е инспирирано од фиктивното кафуле од sci-fi анимираната серија Time of Eve од 2008 година, моментално е бета проект, а својата врата за јавноста ќе ја отвори многу брзо. Уникатното кафуле настана како заеднички проект на Фондацијата NPO Nippon и авиокомпанијата ANA. Генијалните роботи доаѓаат со вградени камери и звучници, така што нивните оператори можат да слушнат и да видат сè околу нив.

Покрај тоа, роботите можат да ги контролираат луѓето кои се парализирани поради болеста ALS, повреда на `рбетниот мозок и други состојби, а сè што им е потребно е интернет конекција. Иако Dawn Cafe за почеток ќе биде отворено само две недели, можеме да очекуваме до 2020 година да стане постојано отворен простор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕвропска престолнина на културата за 2019!
Следна објаваЦрвено зајдисонце во новата капања на Прада!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР