Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Бојан Гиевски

Бојан Гиевски е урбан аматер – фотограф, кој својата креативност ја експресира преку документирање на неговите патувања.
“Љубовта кон убава фотографија потекнува од многу одамна, но пред неколку години прерасна во вистинска пасија. Сега за сега, ова го правам само аматерски, за своја душа, со мојот мобилен телефон кој секогаш го имам при рака, за да можам, она како се вели “capture the moment”. 
Она што најмногу сакам да го фотографирам се секако моменти од неговите патувања. Сакам да патувам, а искрено, и многу често патувам, така што секогаш имам подготвено добра фотографија од моите патувања. Следете ме, ќе следат уште многу нови и интересни фотографии.“
Контакт со Бојан можете да воспоставите преку Instagram.

Горјан Славковски

Image may contain: 1 person

„Фотографијата ја гледам како зачувување на убавите моменти за себе, но и како начин за доловување на убавините од овој свет за останатите, мотивација за сите да уживаат.
Како љубител на планината, секогаш имам посебна инспирација за фотографија при моите „прошетки“ на планина, било дали е тоа планинарска тура, велосипедска или скијање. Фотографиите од моите патувања исто така ми се едни од омилените, а посебно предизвикувачки за фотографија ми се зајдисонцата.“
Оваа фотографија е направена веднаш по искачување на врвот Меденица, од самиот врв, со поглед на остатокот од плнината Бистра и Мавровско Езеро, а во далечината може да се забележи и масивот Јакупица. Фотографијата е направена со GoPro hero4 а е направен минимален едит со Snapseed.
Контакт со Горјан можете да вопоставите на неговиот Инстаграм профил.

Image may contain: 2 people

Танкица Гонева

Image may contain: 1 person, smiling

Победничката фотографија е направена со апарат Сони DSC-H300 (1/200 sec. f/9.6 12.8mm, ISO 80). Фотографијата е направена за време на патување со кабински лифт односно спуштање кон градот Банско.

„Целта ми беше во фокусот да биде градот и природата а сепак да биде сило нагласена линијата на средината односно лифтот. За да им вдахнам живот и да ги разубавам моите фотографи често користам Adobe Lightroom како што е случај и со оваа фотографија. Како што може да се забележи и од мојот инстаграм профил, најмногу сакам да ја фотографирам природата и животните а често во фокусот на моите фотографии се делови од градот Струмица бидејќи сакам луѓето да ги запознаам со убавините на мојот град. А кога патувам имам најголема желба и инспирација за фотографирање бидејќи сакам сите убавини да ги споделам со другите.„

Контакт со Танкица можете да воспоставите на нејзиниот Инстаграм профил.

No automatic alt text available.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскап аранжман за денот на вљубените!
Следна објаваТоп атракции кои мора да ги посетите во Сиднеј!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР