Во Културно-информативниот центар – Скопје, (Салон Империјал 1), на 3 мај 2023, во 20. 00 часот ќе се реализира  изложбата на фотографии од Влатко Рафески насловена „Македонија виа Италија“

Влатко Рафески е роден 1980 година во Скопје. Со пејсажна фотографија се бави повеќе од 12 години, но љубовта кон истата трае многу подолго. Со пејсажите е вистински амбасадор на убавините на природата посебно на убавините на Македонија, но низ неговиот објектив имаат поминато и голем брј на пејсажи од други земји.

Виктор Рафески фото: приватна архива

Неговото портфолио носи голем број на признанија како од Македонија така и надвор од неа, вклучувајќи учества на бројни фотографски манифестации, светски конкурси на фотографија (35 awards, World Photography Organisation by Sony awards, International landscape photographer of the year, WPE и други), групни изложби, вебинари и предавања, фестивали и друго.

Фото: приватна архива

На изложбата ќе бидат претставени 20 фотографии во голем формат со најубавите планински пејсажи од Македонија и италијанските доломити.

Изложбата ќе биде отворена до 15.05.2023 година.

ФБ настан;

https://www.facebook.com/events/1163772624308064

НЕМА КОМЕНТАРИ