Sydney Opera

Не постои турист кој го посетил Sydney, a не ја посетил Sydney Opera која е најпознат симбол на овој град. Изградена е во 1973 година, но и денес е прилично кул и модерна зграда, а кога ќе стигнете до неа, ќе видите дека е обложена со илјадници мали бели плочки. Ако одите до зоолошката градина или се возите со траектот, направeте неколку фотографии од Sydney Opera, бидејќи таа е најубава кога се гледа од морето.

Покрај тоа, иако туристички, околу Операта има неколку барови и ресторани каде можете да уживате во сончевиот ден и добро кафе, добра храна и поглед кон една од најпознатите градби во светот.

Sydney Harbour Bridge

Веднаш до Операта е и Sydney Harbour Bridge, кој со Операта ја чинат најпознатата визура на Сиднеј, а ги поврзува двата дела на Сиднеј. Мостот е изграден во 1932 година, а како дел од специјално осмислените туристички тури, можете да се качите на него и да уживате во погледот кон пристаништето, се разбира, ако не се плашите од височините.

Taronga Zoo

Морате да ја посетите зоолошката градина Taronga, до која може да се стигне од центарот со ферибот, бидејќи таа се наоѓа на западниот брег на градот. До влезот во зоолошката се возите во жичарницата над животните и растенијата кои изгледаат како да возите низ џунглата. Освен горилите во чие хранење можете да уживате, во зоолошката има животни кои можат да се најдат низ Австралија, па во еден дел се кенгурите и валабите кои можат да ви пријдат ако сакаат.

Sea Life Aquarium

Повеќето туристи го посетуваат Sea Life Aquarium, за кој велат дека е најголем и најдобар на светот, бидејќи има над 12.000 морски животни и над 650 видови кои вклучуваат различни видови на ајкули и раџи. Посетителите поминуваат низ водени тунели околу кои пливаат разни морски животни.

Аквариумот се наоѓа во делот на градот наречен Darling Harbour, кој е полн со живот и преполн со ресторани, вреди да се прошетате наоколу, бидејќи овој дел од градот, туристите го обожуваат. Веднаш пред аквариумот се наоѓаат и Madame Tussauds и Wild Life safari со австралиски животни.

Sydney, Darling Harbour

Museum The Rocks

Иако Сиднеј не е рај за музеите како некои други градови, дефинитивно вреди да се посети музејот на современа уметност “Museum of Modern Art” и Art Gallery of NSW. Музејот на современа уметност се наоѓа во најстариот дел од градот – The Rocks, каде што живееле првите Австралијци кои биле истоварени на брегот на Австралија, а кои всушност биле затвореници.

The Royal Botanic Garden

Ботаничката градина во Сиднеј се наоѓа во близина на Oперата, на еден дел кој  изгледа како полуостров и кој гледа кон мостот и Операта. Покрај тоа што е прекрасна за прошетки и релаксирање, во неа често се одржуваат различни настани, излети, изложби, концерти, како и приватни забави и свадби. Отворена е во 1816 година и денес е најстарата научна институција во Австралија и една од најважните ботанички институции во светот. Royal Botanic Garden е отворена секој ден, влезот е бесплатен, а годишно ја посетуваат околу 4 милиони луѓе.

Bondi-Coogee прошетки

Оваа шест километарска прошетка меѓу двете градски плажи вклучува неверојатен поглед на карпи, паркови, плажи, потоци и природни базени. Потребни ви се околу два часа, а шетајќи се по должината на брегот, ќе ги видите некои од најпознатите плажи во Сиднеј, како што се Bronti и Tamarama.

Еден од најурбаните делови на градот и областа каде што се наоѓа главната градска плажа Bondi, е место што никако не смеете да го пропуштите. Освен што можете да се запишете во дневно училиште за сурфање или да изнајмите опрема за нуркање,  можете да уживате во безброј кул барови, ресторани и продавници – од дизајнерските, до оние со продавници за сувенири.

Освен класичните туристички атракции, ако патувате во Сиднеј, мора да се прошетате во квартовите Paddington, Potts Point и Elisabeth Bay, кои се многу шармантни, со голем број на супер барови и ресторани.

Ако планирате да патувате низ Сиднеј, Ви препорачуваме да ги посетите и Newport и Palm Beach, кои имаат прекрасни плажи и кул ресторани, како и Blue Mountains кои се наоѓаат на само еден час и половина далеку (со воз) од Сиднеј и чиј национален парк крие сензационална природа, убави планини и совршен поглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Следна објаваТренд: “Живи sидови” во ентериерот!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР