Квалитет наместо квантитет, а сега и научно е докажано. Еве ја причината заради која е подобро да имате само мал круг на пријатели.

Можеби ви звучи смешно. Зошто би било подобро да имате помалку пријатели?

Дури од училишните клупи, отсекогаш било така, најпопуларните ученици имале нај голем круг на пријатели, а потоа и кога станале возрасни, тие ”cool” луѓе,  имаат повторно, нај голем круг на пријатели.

Но, една неодамнешна студијата од САД, заклучи дека многу голем круг на пријатели и не е толку добра работа за нас.

Долгогодишната студија објавена во американскиот часопис Child Development, следеше 170 млади од 15 до 25 години. Главната поента на студијата беше на пријателството, како и на физичката и психичката состојба на испитаниците. Кругот на пријателите со кои се дружеле учениците бил во центарот на вниманието. Испитаниците морале да дадат информации за своите блиски и доверливи луѓе во животот, како и информации за интеракцијата со нив.

Од тие информации, истраживачите процениле можни знаци на депресија, анксиозност, самопочитување и важност да бидат друштвено прифатени.

Резултатот на истраживачите бил изненадувачки. Најпопуларните деца од училиштето со голем круг на пријатели, на жалост не воделе нужно посреќен живот кога станале  возрасни. Покрај тоа, се покажало дека тинејџерите околу 15 години, кои имале помал број на пријатели, но подлабоки пријателства, подоцна по малку страдале од депресија.

Исто така, помалку омилените ученици во училиштето, подоцна имале поголема самодоверба и имале далеку помал проблем од социјалната фобија.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобра до сега – пролетна колекција 2018 на ZARA!
Следна објаваMoschino: модна кампања пролет/лето 20018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР