Можеби преферирате живот во голем град, но, луксузниот ентериер на оваа куќа во предградието на Атланта, нема да ве остави рамнодушни.

Комбинацијата од дрво и камен, внесува елеганција која нема да ја најдете кај многу други ентериери. Куќата на брегот на езерото Марин е фантастичен украс на совршена сценографија.

Рециклирани дрвени греди, рустични подови, бели ѕидови и камен, ја прават оваа  хармонична комбинација. Без разлика дали преферирате рафиниран француски луксуз или сакате еклектичен стил, овој ентериер ги задоволува и двата.

Вистински уникатни ентериери се оние, во кои можат да бидат дизајнерски застапени  неколку стилови, кои со комбинирањето постигнуваат хармонија.

Токму тоа е случајот со ентериерот на оваа куќа, која поседува елементи на традиционално, класично, рустикално и умерено. Огромна дневна соба, каде што сопствениците го поминуваат поголемиот дел од своето време, со убави греди кои ги врамуваат големи прозорци со поглед на езерото. Во интимните моменти или во текот на зимата, домаќините можат да седат до каминот, кој исто така се наоѓа во дневната соба.

Сопственици несомнено уживаат во фантастичниот поглед на водата од сите спални, кујната и собите за гости.

Куќата располага со огромна дневна соба, голема трпезарија, огромни спални соби, како и дел наменет за престој на гости. Оплемемен со многу современи детали во вид на сјајни наткасни, конвенционално осветлување или винтиџ кадата во купатилото, овој ентериер е наменет за лица кое имаат префинето око за квалитет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметнички дела на полиња со ориз во Јапонија!
Следна објаваКонцерт на групата Морал заедно со пријателите
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР