Ова е навистина најдобрата вест на денот: консумирањето на тестенини ќе ве направи витки!

Според резултатите од неодамнешната студија спроведена од италијанскиот Институт Neuromed, тестенината, покрај тоа што ве прави потенки, исто така го намалува индексот на телесна маса  (BMI).

Студијата вклучила 23.000 Италијанци и Италијанки на возраст од 18 години и ги следела нивните навики во исхраната. Врската помеѓу честата консумација на тестенини и прекумерната тежина не е пронајдена. Наместо тоа, научниците дошле до заклучок дека луѓето што јадат често тестенини, имаат понизок индекс на телесна маса, помала половина и колкови од оние кои ретко јадат тестенини.

Сепак, според италијанските студии, Италијаните кои сакаат да јадат тестенина и често ја консумираат, тие повеќе се насочени кон медитеранската исхрана. Имено, тие се потпираат на добрите масти, како маслиновото масло и јадат многу зеленчук и производи од цели зрна. Факт е дека Италијаните претпочитаат тестенини како предјадење, што значи дека нејзината консумација е ограничена на помали количини. Како главни оброци, тие избираат полесни намирници, а оброкот го завршуваат со салата.

На крајот на краиштата, најважно е да се држиме до основните и единствените правила – консумирај сè, но по малку и во умерена количина. Не се откажувајте од шпагети, ригатони или макарони, но внимавајте да ја консумирате и останатата лесна и разновидна храна.

Добар тек!

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКошула на H & M која го освои модниот свет!
Следна објаваRage Yoga, во која е дозволено пцуење и врискање стана нов тренд!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР