На малкумина им е познат фактот за американски сликар Roy Lichtenstein дека го носи епитетот “џезерот помеѓу сликаритe”.

Роден е на 27 октомври 1923 година. Заедно со  Andy WarholJasper Johns, и James Rosenquist е еден е од основоположниците на “pop-art”-ot, уметничкото движење кое преставува еден вид на “противтежа” на техниките и концептите на апстрактниот експресионизам, а кој пак во исто време ги возвишува техниките на масовните медии и икони на популарната култура.

Завршува студии по уметност на универзитетот во Охајо, каде продолжува да работи како професор на истиот. На почетокот на својата плодна уметничка кариера тој слика теми и мотиви од американскиот запад и тоа во најразлични модернистички стилови.

Во 1957 година започнува да слика во стилот на експресионизмот кој набргу и го напушта. Во самите почетоци на создавањето тој е незадололен со оваа техника, но набрзо потоа пронаоѓа и некои скриени можности на когнитивната естетска интерпретација, која неминовно се наметнува како некој вид на икона на тогашните мас-медиуми а во контекст на уметноста.

За време на втората светска војна како американски војник, тој имал можност да го посети Париз, а при тоа голема желба имал да го сртене големиот Пикасо. Во една прилика тој стигнал пред неговата куќа, но не осудил да позвони на неговата врата. Подоцна за оваа случка, неговата сопруга Дороти која исто така била уметница ќе рече; Рој беше току многу срамежлив што не собра сила да позвони на вратата и да се сретне со Пабло.

Но, “Срамежливиот” Roy ќе направи вистински бум во сликарството. Како што веќе напоменавме и во самиот наслов на овој текст, малкумина знаат дека тој свирел алтсаксофон и бил голем фан на иконата на светскиот џез John Coltrain.

Најголемиот дел од својот живот тој се однесувал повеќе како “џезер”, но не во музиката туку во сликарството и при тоа позајмувајќи одредени содржини од тогашната популарна култура а при тоа да ги сместиво еден нов конекст, создавајќи еден нов вид на уметност, кој ќе биде главно одбележје на 20иот век. Тоа е Pop-art-ot.

Во текот на своето творештвотој изградил еден многу специфичен стил, при тоа изразувајќи ја состојбата на т.н “антисензибилност” со која биле преплавени тогашните масовни медиуми.

Во своите дела тој ги претставува ликовите на дизниевите јунаци, при тоа користејќи црна линија и палета на основни бои.

Кога ќе се приближите и од блиску ќе ги погледнате неговите дела ќе се почувствувате како да се наоѓате во една мрежа составена од црни црни линии и обоени полиња. Боите се нанесени механички на платната бези некоја посебна емоција. Призорите се директи но и забавни а во исто време разбирливи за секој гледач. Не им е потребна посеба интерпретација.

Поп-арт-от како како доминантана компонента во тогашните современи дела носи една пресвртница во дотогашната форма на израз во визуелната уметност.

Со воведување на овие специфични призори кои во себе не содржат никаква лична карактеристика на авторот кој ги создава, веќе се навестува новиот правец во уметноста коj ќе стане главно одбележје на 20тиот век.

Во циклусот “Потези со четка”, кој Lichtenstein го создава некаде во 1965/66 годинатој развива еден вид на дијалог со тогашните претставници на њујоршката сликарска елита како што се Jackson Pollock, Mark Rothko i Wiliam De Kooning, прифаќајки го предизвикот да направи дела но не налик на нивните туку да создаде свои автентични, пред се препознатливи за публиката.

Гледајќи ги неговите дела, понекогаш имаме чувство како да гледаме успорен филм. Се добива впечаток дека тој реалниот контекст на времето и просторот ги сместува во еден нов артифицијален. Во периодот кога се создавани делата на поп-арт-от неминовно е да нагласиме дека се случила не само естетска туку и филозофска трансформација во уметноста.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобар начин на сечење кружна торта!
Следна објаваКостим за капење кој ја одбележи летната сезона 2017!
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Нејзина омилена изрека е "Смејте се, ништо не е повредно од насмевката".

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР