ETO – иновативни шишиња за чување на вино

Има многу луѓе кои лесно ќе признаат, дека нема ништо подобро од една чаша вино за време на вкусна вечера или после стресен ден, дизајнерот Tom Koton, тоа многу добро го знае.
ETO - inovativna flaša za čuvanje vina
Еднаш откако ќе го пресипете виното во ова иновативно шише, долгата инка која се наоѓа внатре, нежно го снабдува виното со кислород, додека острите рабови на шишето овозможуваат да го сипете виното без одлевање. Покрај иновативната конструкција, бакарниот додаток му дава еден елегантен изглед на ова шише.
Откако сте го сипале виното во чашата, остатокот на виното ќе го задржи совршениот вкус и арома, благодарение на софистицираниот и иновативниот систем, кој го има ова шише. По лабораториските тестови, се докажа дека специјално дизајнираниот воздушен чеп на ова шише, го запира процесот на оксидација на виното и го чува свежо до 12 дена по отворањето.
Шишето е така дизајнирано, за да го собере во вратата на стандардните фрижидери. Некој ќе додаде, дека оваа модерна иновација можеби ќе го промени вкусот на некое скапоцено вино, но ние сме речиси сигурни дека ETO ќе ги разувери во тоа.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовата торба на Celin е хит на летото!
Следна објаваИталијански тренд репорт: 10 сакоа за мажи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР