Хотелот “Ellerman House” кој се наоѓа во Кејптаун, Јужноафриканската Република е како создаден за вистинските љубители на уметноста. Идеален е за сите кои сакаат мирен и спокоен одмор со поглед на океан, далеку од градската бука, во преубаво опкружување. Овој хотел беше избран за еден од најдобрите оваа година, според изборот на Condé Nast Traveller, а има и зошто. Освен што нуди луксузен одмор, хотелот служи и како изложбен простор за сликите на познатиот сликар Jacobus Hendrik Pierneef. Хотелот е уреден во современ стил, а гостите ја издвојуваат пространата тераса на ресторанот како најубавото место во “Ellerman House”.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР