Eден од најконтраверзните светски уметници, 51-годишниот британец Damien Hirst, на 9 април ја отвори својата големa изложба во Венеција.

Уметникот, кој честопати беше критикуван од дел на јавноста заради своите инсталации со умрени сецирани животни во формалдехин, (а ги продаваше за милионски износи и со тоа стана најбогат современ уметник ) и овој пат, крена голема прашина со својата нова изложба ‘Treasures from the Wreck of the Unbelievable’. Активисите за права на животните, пред палатата Grassi, со впечатливи транспаренти му порачаа што мислат за неговото најново уметничко дело.

Својата славна скулптура ‘Физичка не-можност на смртта во умот на некој жив” – тоа дело беше ајкула во формалдехин во витрина, се продаде за рекордни 12 милиони долари.

На оваа изложба во фокусот на Damiаn Hirst е богатството на дното на океанот, работа која траеше 10 години, но не е ни приближно контраверзна како неговите предходни дела. Нема ни траг од  од мртви животни, но без разлика на тоа, и во својата питома уметничка фаза тој остана непосакуван во Венеција. Тоа јасно му го покажаа италијанските активисти за права на животните пред палатата Grassi, (каде на 9 април ја отвори изложбата), со 40 кг животински измет и со огромен транспарент -‘Damian, оди си дома! Погледни го ова уметничко дело!

А вие сега погледнете дел од изложбата во Венеција!

Treasures from the Wreck of the Unbelievable – Palazzo Grassi

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа покрај езеро за спокоен одмор
Следна објаваJennifer Lawrence во новата кампања на Dior!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР