Дизајнерката Ен Хепфер отсекогаш сонувала за куќа покрај вода. Нејзиниот сон конечно се оствари неодамна, кога таа ја дизајнираше совршената куќа за спокоен одмор во природа. Куќата се наоѓа во пределот Muskoka Lakes во Онтарио и е подигната на околу 18 метри над нивото на водата. Стилот е луксузен и минималистички, со многу дрвени детали и предмети купени од многуте патувања на дизајнерката низ светот. Големите прозорци во дневната соба нудат прекрасен поглед кон езерото Џозеф.

Освен дрво, во куќата се среќаваат и други еколошки материјали, како и рециклирани парчиња мебел кои добиле нов лик и намена. Во пространата трпезарија има и мал простор за појадок покрај прозорецот, кој сопственичката сама го дизајнирала. Во надворешниот дел има прекрасен простор за собирање на семејството и пријателите и уживање во зајдисонцето. Погледнете како изгледа куќата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНови најлуксузни вили во Дубаи!
Следна објаваDamien Hirst по десет години излага во Венеција!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР