Од кога постои светот, луѓето се собираат околу огништето. И денес, готвењето на храната во кујната го зближува семејството.
Дизајнерот Мај Кукула, креираше нова генерација на “острва” во кујната. Тој истражуваше повеќе начини, како да искреира најдобри флексибилни и креативни работни површини – и така, германскиот дизајнер го создаде OIKOS, функционалното “острво”.
Станува збор за место на кое можете да готвите, да се дружите, јадете, секако и расправате…а потоа може лесно да се користи како работна маса.
Масата во себе содржи плоча за готвење и безброј прегради за намирници, уља, зачини или есцајг.
OIKOS е направен од црна пластифицирана рамка со дабова површина. Секој дел доаѓа посебно, така да транспортот на ова острво е исклучително едноставно.