Црно-бело доживување на храмот Боробудур

Најголемиот будистички храм на светот, Боробудур се наоѓа во Индонезија и датира од IX век. Освен функцијата на храм, исто така Боробудур претставува и значаен будистички споменик.

Споменикот се состои од девет платформи, шест квадратни и три кружни, над кои се наоѓа централна купола. Декориран е со 2672 релјефни елементи и 504 статуи на Буда.

Фотографиите во продолжение се дело на Daniel Tjongari, којшто потекнува од Индонезија. За него фотографијата е најтесно поврзана со имагинацијата, емоциите и внесување на дел од себе во секоја направена фотографија. Тој смета дека опремата која што фотографот ја користи не е важна. Тоа е неговата омилена работа во врска со фотографирањето.

Преку овие фотографии успеал поблиску да ни го претстави храмот, како и околината со која е опкружен.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР