Нашата омилена социјална мрежа Pinterest тукушто лансираше нешто, што го нарекоа “100 Report”, есенцијална листа  на топ трендови кои најмногу ќе ги бараме, делиме и обожуваме во 2017 година. Ние одбравме 10 најдобри  и тоа од различните подрачја на животот – здравје, фитнес, здрава храна,мода…..

Билки што висат..

Билките што висат се неодоливо привлечни и дефинитивно еден од водечките трендови во 2017 година. Секако, се подразбира да имате доволно природно светло во просторот.

ahcvamc

NANGKA како алтернатива за месо

Оваа моќна намирница содржи витамини, минерали, фитонутруенти, влакна, добри маснотии и протеини (без тронка холестерол или сатурирани масти).

oidapojfanf

“Фенси дитокс” пијалоци кои може да ги направите дома

Сакате да пиете здрави пијалоци, но не по висока цена? Овие дитокс пијалоци е најлесно да ги направите дома.

pinterest-trends-2017-detox-water

“HYGGE” Концепт

Ја откривме тајната на среќата која се вика “hygge”. Станува збор за Данската филозофија за барањето на среќата, каде и да е.

fuiavmdv

Самовилски градини

Овие неодоливи минијатурни градини, прават совршен украс во домот, кој што и вашите најмлади членови ќе го обожуваат.

jkfahkfhafn

Странични стомачни мускули

Наголемо расте популарноста на вежбите за силни странични мускули.

kaylaitsines-laydown

Лечење со кристали

Лечење со природните елементи кои се наоѓаат околу нас, не е никаква новина. Но користењето на енергијата од кристалите, би можело да биде нешто што во идната година ќе го гледаме почесто од порано.

kfjakfa

Ноќни масички

Со едноставен дизајн и рачно изработени, тоа е секогаш најдобрата идеја. Многу ни се допаѓаат!

ksfjkldhvjksdv

Металик нокти

Иднината дојде и ние се заљубивме во неа – ви ги претставуваме металик ноктите со висок сјај. Одберете rose gold нијанса, доколку се чувствувате посебно авантуристички.

noktiadahdf

Брошеви и беџеви

Брошевите и беџевите станаа вистински моден тренд, посебно на тексасот. Колку повеќе, тоа подобро. Не морате да размислувате дали сте претерале со украсите или не.

ofkdslamvknv

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОмилените парфеми на холивудските диви
Следна објава7 совршени парфеми за новогодишен подарок!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР