Конечно можеме своите напади на паника да ги смириме со новиот производ, кој ги олеснува тешкотиите со користење на светло и звук. Станува збор за Calmingstone, дизајниран гаџет во 2014 година од Ramon Telfer, кој и самиот се бори со напади на паника и тешкотии. Таа година тој заклучил дека на пазарот не постои добар производ или гаџет кој може да му помогне, па одлучил самиот да си помогне како и на другите.

calmingstone-design-products-technology-dezeen-2364-col-0

“За време на 2014 година, одлучив да го спојам своето знаење за индустрискиот дизајн со своите блиски искуства кога е во прашање менталноито здравје”, кажа Ramon. “Бидејќи стресот е реален, а животот е потполно тактилно, осетливо искуство, создадовме и ги обединивме нашите сознанија во прекрасен производ, кој секој може да го држи, почувствува и слушне.”

calmingstone-design-products-technology-dezeen-2364-col-5

Со помош од сопственото искуство Telfer го креираше Calmingstone, со соосновачот Alex Johnson за да го развијат производот кој се држи во дланката. Прстенот од бакар околу работ на производот служи како интегриран сензор за отчукувањата на срцето. Кога ќе се најде во рацете на корисникот, сензорот го препознава бројот на отчукавањата на срцето и го имитира звукот со помош на благо светло и лесно пулсирање. Како што корисникот се опушта, Calmingstone пулсот и сјајот стануваат посуптилни, а сите контроли на гаџетот ги управувате со ваше движење. Посебно одбраните аудио записи со вибрациите и светлата, му создаваат на корисникот пријатно искуство и голема помош.

calmingstone-design-products-technology-dezeen-2364-col-4

Погледнете како функционира гаџетот  – тука…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci е најпопуларниот дизајнерски бренд за 2016 година!
Следна објаваСпектакуларни новогодишни излози во Њујорк!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР