Класичната музика несомнено е еден вид на магичен лек кој слушајќи ја ги  лечи и  душата и телото. Од дамнина па се до денес се спроведувале разни испитувања какво влијание има таа врз човекот.

Во современиот свет луѓето кои ја слушаат класиката се сметаат за луѓе со супериорен интелект, но тоа  не е баш така. Обидете се да одвоите малку слободно време и во релаксирачка атмосфера слушнете некои од познатите дела на класичната музика. Ви гарантираме дека ќе почувцтвувате неверојатна хармонија со себи си.

Не е нужно да бидете музички експерт и да ги познавате музичките кључови, тактови и.т.н, само ви е потребно да си создадете опуштена атмосфера во која квалитетно ќе го поминете своето време.

Ви претставуваме неколку познати дела на мајсторите на класичната музика!

  1. Antonio Vivaldi (Four Season-Winter, Canon u D-Mol)                                                          Едно од најпознатите дела за виолина во 18 век е секако делото на Вивалди кој патем  означува еден животен циклус односно завршеток на зимата. Слушајќи ја оваа магична композиција во целост многу уметници, писатели, композитори, сценаристи и др. ја вметнале во своите дела.

2. Johan Sebastian Bah ( Air on G-string,Suite N`3)

Делата на овој великан на класичната музика својата најголема поуларност ја доживеале во првата половина на 19 век, а најповеќе поради својата интелектуална длабочина. Бах се смета за еден од најголемите композитори во светот.

Слушнете!

3. Bethoven, (Moonlight sonata)

Sonata N`14 или попозната како Месечева соната е едно од најпознатите дела на Бетовен, а и била посветена на неговата ученичка Џулиета. Познатиот композитор Franz Liszt ја споредил оваа соната еден бескрајно убав цвет кој стои помеѓу две провалии, а притоа мислејќи на Бетовеновата љубов спрема Џулиета.

4. Johan Strauss,

Johan Strauss (помладиот), е “некрунисаниот крал” на валцерите. Неговата музика била еден вид на огледало на елеганцијата и префинетоста на Хабсбуршката династија. Од 1867година Австријанците неофицијално ја сметаат за своја химна.

НЕМА КОМЕНТАРИ