astroloski-pregledОВЕН

Работа – Уште една работна недела, но овој пат плодна за вас Овнови. Ќе се радувате на подоброто работно место или на зголемените приходи.

Љубов – Партнерот ве подржува и тука е за вас во сите моменти. Понекогаш треба повеќе да ги покажете емоциите кои ги чувствувате кон партнерот.

Здравје – Добро се чувствувате.

БИК

Работа – Колегите како да немаат разбирање за вашата моментална состојба. Гледајте да ја поправите ситуацијата во која сега се наоѓате.

Љубов – Заљубени сте, но тоа не смеете да си го признаете ни себеси.

Здравје – Повеќе спортувајте.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Не очекувавте помош од колегите, но таа секако добро ви дојде. Не знаете како да се заблагодарите и да вратите со иста мера. Добро размислете.

Љубов – Ви се допаѓа една личност со која работите. На вас е да го направите првиот чекор во комуникацијата.

Здравје – Намалете ја нервозата.

РАК

Работа – Вашата финансиска ситуација се подобрува од повеќе страни и немате многу губитоци. Се е добро и така треба да биде. Време е за некои нови планови.

Љубов -Заљубени и среќни, не сте свесни што всушност ви се случува во емотивните односи.

Здравје – Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа – Не се разочарувајте од негативните трендови кои сега се на сила. Што и да се случува, вие знаете дека сте доволно способни и силни да се извлечете и да победите.

Љубов – Со љубовта добро ви оди оваа недела. Само така продолжете.

Здравје – Внимавајте на настинки.

ДЕВИЦА

Работа – Вие умеете да бидете совршен соработник, па можеби е време да почнете да рзмислувате за соработка со големи компании. За почеток, тоа може да биде некој проект во кој ќе учествувате како frilenser.

Љубов – Се одалечувате еден од друг, но тоа не мора да значи катастрофа. Едноставно, направете простор за себе. И во малите игри вклучете ја фантазијата!

Здравје – Избегнувајте зачинета храна.

ВАГА

Работа – Конечно еден ден без интриги. Се си оди по планот, па така нека и остане. Немате причина за грижа.

Љубов – Заносни прегратки, бакнежи и нежности….заборавете на тоа денес. Романтични сте и сакате да се заљубите, но бидете внимателни. Можете да влезете во тешка врска.

Здравје – Можна настинка.

ШКОРПИЈА

Работа – Успехот ви е загарантиран, само кога работите онака, како вие умеете. Значи, знаењето, искуството и над се – истрајноста. Тука нема грешки.

Љубов – Денес сакате на сите да им се допаднете. Но дури и вие знаете дека тоа не е добра идеја. На крајот од денот можете да останете со кратки ракави.

Здравје – Проблеми со зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Уште некое време ќе бидете под некој вид на работен стрес, но состојбата на банковната сметка ви го враќа осмевот на лицето….Периодот пред вас, искористете го да ги завршите започнатите работи.

Љубов – Послушајте го советот на лицата од вашиот круг и залечете се порано.

Здравје – Проблеми со грбот.

ЈАРЕЦ

Работа – Вие сте експерт за снаодливост. Работите не одат како што треба и денес се можни непредвидени проблеми. Вие ќе успеете и тоа да го надминете и на крајот од денот ќе излезете како победник. Но по која цена и колку тоа ќе трае? Ова е вистинско време да ја смените стратегијата.

Љубов – Емотивната храброст блика од вас кога некого длабоко сакате и за кого чувствувате дека вам, ви припаѓа.

Здравје – Солидно.

ВОДОЛИЈА

Работа – Вие сте личност која повеќе се води од интелектот отколку од емоциите, па нема причина денес од тоа да отстапите. Пристапот кој не е практичен, нема да ве донесе до позитивното решение.

Љубов – Вашиот шарм ги разоружува сите, посебно ако од другата страна е некој, кој врие од самодоверба.

Здравје – Чувајте се од главоболка.

РИБИ

Работа – Вашата професионална позиција е стабилна. Но можеби сепак треба да конкурирате за подобро работно место. Или за нова фирма, кој знае?!

Љубов – Денес е прекрасен ден за среќа и љубов. Можеби ќе запознаете нова личност или ќе започнете заеднички живот.

Здравје – Органите за дишење ви се слабата точка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 дестинации за 2016 година според Google!
Следна објаваЗа сите љубители на класичната музика
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ