Ако сакате да знаете што е сега тренд во светот, не морате да одите подалеку од пребарување на Google, каде што имаат интересни сознанија за тоа што луѓето мислат, чувствуваат , работат или планираат од сите краеви на светот.

Според последните пoдатоци, како што известува Condé Nast Traveler, градови кои најчесто се гуглани низ светот во 2016 година не се стандардните Њујорк, Лондон и Париз. Нивното место сега го завземаа:

Reykjavik, Island

Познат по својата раскошна поларна светлина и светски позанатите сини лагуни, Island стана една од најпопуларните дестинации.  Гостите патуваат на релација помеѓу Северна Америка и Европа и можат да направат кратка пауза во Reykjavik, главниот град, без додатни трошкови. Според Google, жените на возраст од 25-34 се најмногу заинтересирани за овој, се популарен град.

northern-lights-1191243-1280

Havana, Cuba

Благодарејќи на претседателот Обама, карипскиот остров Куба се врати на картата на патувањата за многу туристи. Познат по својата шарена архитектура и автомобилите од 50 – години од минатиот век, главниот град Хавана стана хотспот за мажите од 35-44 години, јавува Google.

cuba-1202440-1280

Air Canada експирементира со проект, да го зголеми туризмот во Торонто. Ако бројките се показатели, се чини дека проектот функционира, посебно кај мажите на возраст од 25 – 34 години. Земајќи ги во предвид гастрономската сцена во Торонто, богатата хокеашка историја и еден од најпопуларните канадски рапери Drake, не можеме да кажеме дека сме изненадени.

toronto-1298016-1280-1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКралска полноќна венчавка во Disney World!
Следна објаваНеделен хороскоп од 18.10. – 23.10.2016 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ