Ако сакате да стапнете на така необично место, кое не може да се спореди со ниту едно друго, вие треба да ја посетите Христианиа.

Овој само-управувачки град се наоѓа на територија од 84 хектари на напуштена воена база во Копенхаген и е основан во 1971 од локалци и артисти како “социјален експеримент“. enhanced-buzz-wide-5092-1399927868-13Иако на прв поглед изгледа како уште едно типично Данско гратче, на вториот поглед директно не упатува кон интригантната необичност на овој автономен “слободен град“ или хипи комуна.enhanced-buzz-wide-18855-1399911245-7

Украсен со вибрантно колоритна внатрешност, овој град е олицетворение на желбите на хипи заедницата и е дом од соништата на секој слободоумен хипик. Храбрите и необични контури на нежната внатрешност на ова мало гратче го прават навистина специфична појава и “хипстерска“ дестинација.

Христианиа е надвор од склопот на данските закони, затоа што е автономна и слободна и дури има и сопствена валута, Løn и свое посебно знаме. enhanced-buzz-wide-20311-1399561255-14*Се верува дека трите точки ги претставуваат точките над буквите i во Christiania, но послаткото верување е дека трите точки се земени од трите О во lOve, lOve, lOve.

enhanced-buzz-wide-9596-1399558346-29

24 часовни трафики кои продаваат 30-40 различни видови на хашиш, иновативни знаци и графити, украсени контејнери, улични мурали на секој ќош, галерии, ресторани, кафулиња и историски монументи и забавни, колоритни настани се дел од нештата што го градат карактеристичниот “шмек“ на овој слободен град. Храната што ќе ја најдете во Христаниа е високо квалитетна, здрава и органска и јаготка на шлагот, со разумна цена. Некои ќошиња изгледаат невообичаени и trippy додека други изгледаат невообичаено иновативни како каналот на крајот од Христианиа, каде што луѓето живеат во бродови.
enhanced-buzz-wide-27096-1399654410-23Жителите на Христианиа освен со шарените ѕидови, невообичаените цигари и релаксираниот, скоро улично-уметнички начин на живот, можат да се пофалат и како одлични екологисти поради стаклените куќички направени од рециклирано стакло и добри архитекти со забавни, креативни градби.
enhanced-buzz-wide-8490-1399654822-36enhanced-buzz-wide-22906-1399912673-16enhanced-buzz-wide-28118-1399561860-19grid-cell-19667-1399673148-0grid-cell-24726-1399929025-0original-541-1399562727-15original-19685-1399665471-172602567-Graffiti-on-bricks-wall-in-Freetown-Christiania-Copenhagen-Denmark-Stock-PhotoНо како и се што е ново, и ова гратче морало да помине низ својот дел на контроверзија. Законски проблеми поврзани со дрогата станале многу чести во 80тите, што довело до бројни конфликти со полицијата и владата.

enhanced-buzz-wide-32414-1399562574-17 enhanced-buzz-wide-32368-1399562408-34 После многу маки со данската влада, во 2012 било одлучено повеќето од Христианиа да биде продадена на луѓето што живеат таму. Но жителите, секако, биле против идејата да се биде сопственик на земјиште затоа што Христианиа била основана со колективистички, анархистички дух. На крајот се согласиле, под услов дека „индивидуалците нема да контролираат со земјиштето, тоа ќе го прават сите колективно“.

И покрај бројните проблеми со законот, Христианиа има мала стапка на криминал и сеуште живее со слободниот, колективен, хипи дух на оние кои првобитно ја основале.

Нејзините 1000 жители се во глобала уметници кои се трудат да живеат органски и мирно. Тука е забрането диво, бесно трчање, тешки дроги, оружје, приватни автомобили, насилство, продажба и употреба на пиротехнички средства, како и продажба на украдена роба.

Во суштина е неконвенционално местенце кое вреди да се посети, гратче кое пропагира мир, слобода на умот и нуди млака, спиритуално ориентирана атмосфера за уживање.
enhanced-buzz-wide-32739-1399928057-21
original-28956-1399561007-12 42.1.3-Kopenhagen-Christiania-2-900x640

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР