Летото и официјално започна, а со него и желбата за летни декорации во домот. Време е да ги извадите школките кои сте ги собрале минатиот одмор и да ги искористите креативно. Следете го нашиот предлог во продолжение.

1Ретки се оние кои не сакаат свеќички, особено за летните вечери. Свеќите прават романтичен амбиент во секој дел од домот. Еве како да си направите свеќа во школка. Потребни ви се: школки, восок, фитил за свеќи и лепак.

2

Внимателно поставете ги фитилите во средината на школката. Најдобро е да земете малку подлабоки школки за да може свеќата подолго да гори. Можете и да ги зацврстите со лепак.

3

Растопете го восокот на ниска температура и поставете го во школките. Оставете восокот убаво да се излади пред да ги запалите свеќите.

Совет: Бидејќи школките имаат неправилна форма, можете да ги поставите во картонска табла за јајца за да си ја олесните работата. Така школките ќе останат на истото место.

4

Одлична идеја, нели?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатувајте неконвенционално – Христианиа!
Следна објаваРезиденција со необичен облик!
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР