Единаесет минути.

Актот на сексот трае единаесет минути, без предигра, без заведување, туку само чистиот акт.

Но, не судете веднаш по воведот, ни на книгата ни на оваа објава. А никако на Вашиот пребарувач. „Единаесет минути“ од Пауло Коељо не е книга за сексот. Оваа приказна е за силните реалисти, кои од секоја неприлика се трудат да направат авантура, кои се задоволни од самите себе, кои ја знаат прецизно својата цел, а ја знаат превртливата природата на животот и неговите замки и се подготвени на секакво прилагодување, на скршнување од патот, само за да успеат.

Вољата е непокорлива! 

Уште колку пати мораме да го научиме ова правило на кое сега и Коељо не потсетува.

Уште колку пати мора да научиме дека патот до нашата цел е трновит, боли, исто како да чекориме по ситни каменчиња, боси, без палто на студен воздух?

Но, по таа болка се ни се разјаснува, а физичките траги исчезнуваат за брзо.

О Боже, зарем сме создадени да страдаме?

Од оваа книга ќе научите дека секогаш имате избор. Да, токму оваа книга која започнува со: „Си беше еднаш една пронститутка…“ ќе Ве научи дека истрајноста и спонтаноста треба секогаш да ве придружуваат, во каква и авантура да се впуштате.

Марија, бестрашната проститутка која заработува од своето тело на улицата Берн, во прекрасната Женева ќе Ви ја објасни многу кусо и едноставно човековата природа. Не онаа на која сме навикнати да слушаме, на онаа која ни ја залажува свеста до крајности, туку онаа несигурната која сите ја чувствуваме, а се трудиме максимално да ја сокриеме пред очите на другите.

Клиентите на Марија се различи, некои ја плаќаат за нејзиното тело, некои само за нејзиното присуство, за нејзиниот разговор, или само за нејзиното сослушување.

Марија се прашува себе си, низ што се минуваат луѓето за само 11 минути од нивните 24 часа во денот. Во тие единаесет минути се крие егото, моќта, фрустрацијата, а уживаето? Каде е вистинското уживање?

Оваа книга ќе Ве потсети и духовната природа на сексот. Да, таа се уште постои. И токму една книга која започнува со „Си беше еднаш една пронститутка…“ ќе Ве научи на тоа.

Доколку ја немате прочитано, ставете ја на врвот во Вашата листа за 2016.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKyodo House | Куќа од рециклирани материјали
Следна објаваМали тајни да изгледате феноменално на фотографиите!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ