Уште една празнична сезона, уште една масовна еуфорија која ни ги топли срцата.

Но, нешто недостасува.

Сите ние кои пораснавме со книгите на фантастичната Раулинг, го знаеме тоа чувство на празнина. Серијалот Хари Потер заврши, секоја нова книга ни го разубавуваше Божиќ, Седум години по ред, Божиќ беше период кога се читаа новите книги. Со нив пораснавме, живеевме во тие страници, се натпреварувавме кој подобро ги научил ситниците. Со големо внимание ги препрочитувавме книгите по неколку пати, па дури и научивме толку латински изрази, забога!

Но, сега Хари Потер заврши, го прочитавме книгите, ги изгледавме филмовите. Сега што?

Се трудиме празнината да ја потполниме со прегледување на филмовите, препрочитување на книгите, се приклучуваме на различни фан – страници поврзани со приказните на Хогвортс. Сепак, не е тоа она што ни треба.

Она што ни треба е нова, поинаква визуелизација врз истиот принцип. Да се продолжи приказната на Хари Потер? Не, тоа би било банално. Да се направи филм од веќе објавена книга на Раулинг? Е, сега веќе зборуваме.

Warner Bros. го најави првиот трелјер за филмот, базиран врз книгата „Fantastic Beasts and where to find them“. Трејлерот е магичен, во секоја смисла на зборот и ќе ве натера со нетрпение да го чекате филмот до ноември, 2016. Единаесет месеци се навистина многу, но во случај да не ја имате прочитано книгата, имате доволно време да ја најдете и да го сторите тоа.

Трејлерот можете да го погледнете подолу.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМагијата на подводниот свет – Subsix,Maldives
Следна објаваМалите чанти преку рамо, се хит на сезоната!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР