Ви откриваме кога ќе излезе четвртата сезона од серијата Емили во Париз

Серијата Емили во Париз ја сакаат жените ширум светот. Љубовните врски и возбудливите ситуации на главната протагонистка во серијата, Емили, се случуваат во прекрасниот Париз, што серијата ја прави добитна комбинација.

Она што сè уште го сакаме во оваа серија се одличните модни комбинации кои ги носи Емили, а Нетфликс потврди дека повторно ќе ги гледаме Емили и нејзиниот беспрекорен моден вкус кога ќе излезе четвртата сезона на Емили во Париз.

Иако не е познат точниот датум кога серијата ќе се најде на Нетфликс, снимањето на серијата во Франција веќе започна, па не би требало премногу да чекаме за новото продолжение. Фановите на оваа серија веруваат дека четвртата сезона ќе се емитува на Нетфликс пред крајот на годината.

Бидејќи третата сезона заврши многу тензично, едвај чекаме да го видиме развојот на настаните, нови заплети, романтичниот Париз и врвни модни комбинации.

НЕМА КОМЕНТАРИ