“Сексот и градот” е една од оние култни серии што можеме да ги гледаме одново и одново и едноставно никогаш да не се заситиме од неа. Животните теми, љубовните проблеми, смеата и добрата мода се причините поради кои оваа серија ја сакаат многумина ширум светот.

Иако серијата “Сексот и градот” престана да се снима пред речиси две децении, таа не ја изгуби својата популарност. По завршувањето на снимање на серијата, снимени се два филма, како и продолжение на самиот серијал со наслов And just like that.

Дали Carrie и Aidan се повторно заедно? Тоа ќе го откриеме во новата серија And just like that.

Иако критичарите не го пофалија продолжувањето на серијата, публиката очигледно беше воодушевена бидејќи гледаноста на серијата беше голема. Неодамна во медиумите протекоа фотографии од снимањето, кои можете да ги погледнете овде.

Новите епизоди од серијата „Just like that“ може да ги очекуваме на лето оваа година.

НЕМА КОМЕНТАРИ