eddie_R_potd_3246271k

Младиот британски актер Eddie Redmayne веќе еднаш ја освои престижната награда оскар за улогата на Сивен Хокинг во филмот “The theory of Everything”. Со новата улога во филмот “The Danish Girl” тој претендира да го освои овогодинешниот оскар. Филмот е базиран на вистинска приказна за познатиот дански уметник Ејнар Вегенер. Станува збор за првата трансродна жена во историјата врз која била изведена операција за промена на полот. Ејнер Вегенер бил роден во Данска во 1882  година. Сликарот бил убеден од страна на својата сопруга да позира во женска облека со што започнува и неговата трансформација и идентификација како жена. Тој извршил низа операции во 1930 во Германија. Премиерата на филмот ќе биде одржана во ноември во Лос Анџелес и Њујорк. Љубителите на филмот ќе можат да го погледнат филмот во декември во кината ширум светот.

Филмот”Danish Girl” е во режија на Том Хопер. Улогите ги толкуваат Амбер Херд, Алисија Викандер и Матијас Шоернес

Погледнете го трајлерот

Eddie-Oscars-022715

НЕМА КОМЕНТАРИ