Дерек Лам, во оваа сезона им оддава почит на хероините од филмовите на Вуди Ален, поточно на вистинските Њујоркчанки, преку современото толкување на американски стил зачинето со духот на 70-тите години.
За модната колкеција есен 2015, дизајнерот oдбра природни земјени тонови, меѓу кои се истакнуваат загасито портоколавата и нежната беж, но вие ќе најдете тука и модели со морски бои како темносината и аквамарин. Овие две групи на бои, дизајнерот сугерира да се носат самостојно, како и во комбинации.
Навидум едноставни комбинации кои со себе ја носат елеганцијата, а презентираните класични парчиња добиваат на модерноста. Здолништа и панталони со нагласени рабови, јакни со широки јаки, отворен грб, долги слоевити елеци – се некои од елементите кои ја додаваат дозата – шик. На крајот, можеме да заклучиме дека целата колекција е обележана со впечатливи јаки.