Најново продолжение на циклусот филмови за агентот Итан Хант, исполнето со акција, акробации, возбуда и уште една невозможна мисија.

Mission_Impossible_Rogue_Nation_IMG1_big

Том Круз по петти пат во ,,Невозможна мисија’’. Итан Хант по петти пат се впушта во невозможна мисија! Пред него е веројатно најтешката задача досега, бидејќи неговите противници се одметнати припадници на меѓународната организација наречена „Синдикат“. Подеднакво подготвени, квалификувани и смртоносни, тие ќе направат сé за да го уништат засекогаш ИМФ. Во новото продолжение на неверојатната авантура, Том Круз уште еднаш врши акробации од кои ниту најхрабрите каскадери не би се посрамотиле.

Mission_Impossible_Rogue_Nation_IMG2_big

Петото продолжение го редифинира поимот невозможно. Овој филмски серијал го прави тоа уште од првото продолжение, каде ѕвездата на филмот и продуцент Том Круз открива како со секое ново продолжение ги надминува очекувањата на гледачите на сосема нов начин. ИМФ е пред уништување, ЦИА не им верува, а открил дека злогласната организација има способност да уништи било каква мета и сака да им се придружи во уништувањето или го посакуваат Хант мртов. Тој ќе се најде пред најголемите предизвици на лојалност, издржливост и ќе мора да се соочи со познатиот шпион по име Исла Фауст.

Mission_Impossible_Rogue_Nation_IMG3_big

Од самиот почеток на емитување, во шеесетите години на минатиот век, „Невозможна мисија: Одметници“ беше славна по своите интензитет и борбата со времето кое само што не истекло. Истата постана и премиса за филмскиот серијал, а Хант мора да ги поседува сите особини и вештини да се носи со тој притисок. Тоа е голем предизвик за Круз и тимот, но предизвик кој со голема гордост го прифаќаат. Извршниот продуцент Џејк Маерс објаснува: „Невозможна мисија не е само серијал, тоа е етос од својот вид. Тоа е и тајната на популарноста на овие филмови – гледачите секогаш знаат дека ќе видат нешто ново.“

Mission_Impossible_Rogue_Nation_IMG4_big

Во минатото продолжение Хант од волк самотник станува водач на тимот, а сега ќе мора да ги докаже своите способности за водење и да го спаси ИМФ и светот од Синдикатот. Круз: „Се работи за тешкотии меѓу пријателството и лојалноста во моменти на најголема опасност. Кому да верувате? Кој ќе остане со вас? Кој ќе се откаже? Се работи за вистинско заедништво и борба со злото.“ Во ова продолжение е присутна и голема доза на хумор, според зборовите на продуцентот Дејвид Елисон, основач и директор на компанијата Скајденс. „Мислам дека гледачите ќе се изненадат од духовитоста и хуморот во филмот, а целата приказна не е површна и односите меѓу ликовите се интелигентни. Тука е секако и интензивната акција и тоа го прави филмот едно забавно искуство.“

Mission_Impossible_Rogue_Nation_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Невозможна мисија: Одметници’’ пред македонската публика беше на 30.07.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕксклузивно, Баленcијага за следната сезона!
Следна објаваДигиталниот свет во фантазијата
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ