Модната куќа Balenciaga за есен – зима 2015 ни се претставува со една од најголемите кампањи за новата сезона.
Во есенската кампања на француската модна куќа, главните улоги ги глумат познатите модели: Кејт Мос и Лара Стоун. Двете за прв пат заедно, претставувајќи се облечени во нови парчиња облека од колекцијата на Balenciaga есен / зима 2015 година во сосема сензуална пози.
“За мене, колекцијата есен / зима 2015, е колекција инспирирана од вистински жени, Balenciaga жени, кои се сестрани, силни и сензуални, но истовремено строги и мистериозни. Сакав првата фотографија од кампањата да ги претстави Кејт и Лара во мистериозна разговор”, рече Александар Ванг, креативениот директор на брендот Баленцијага.
Во новата колекција за есен-зима 2015, моделите ни ги претставуваат убавите фустани, чевли и додатоци, по кои модната куќа Balenciaga епозната. Фотографиите за кампањата ги фотографирше Стивен Клајн.