Кратко видео кое за миг ќе ве одведе во еден од најромантичните градови во светот.
Порто е втор по големина град во преубавата Португалија. Романтичното крајбрежје, мостовите, малите улички, уникатните градби како и прекрасното вино кое се произведува таму со години наназад, го прават Порто неповторлива авантура за секој кој ќе го посети. Авторот на видеото, Lee Hang Gab, вели дека заминал на краток одмор во овој град, но немал намера да остане долго: „Кога пристигнав во Порто, истиот момент се заљубив во неговите бои, луѓето, духот на градот и сето она што го видов. Поради тоа, решив да го снимам ова видео и да ја прикажам сета убавина на овој град”. Уживајте.