Годинава од 18 до 25 август по тринаесетти пат ќе се одржи фестивалот МакеДокс. „Чешки филмски експеримент – два, нула, два, два“.

Време на промени, историски и политички превирања, пандемии, научни откритија, експерименти, авантури – теми што ги обработуваат најновите чешки документарни филмови, поради што оваа година  програмата „Земја во фокус“ ќе биде посветена на Чешката Република. Интересен е фактот што најголем удел при продукцијата на овие чешки документарни филмови има Чешката национална телевизија, која очигледно сè уште покажува особен интерес за презентирање на овие социјални и општествени проблеми и настани на граѓаните и се јавува како главен продуцент во најголем број од документарните филмови.
Затоа оваа година ќе бидат прикажани 8 долгометражни и неколку кратки, анимирани и доку-анимирани филмови кои ќе ја претстават најновата чешка документаристичка сцена, доловувајќи ѝ ги на публиката на „Македокс“ атмосферата и темите што ги интересираат авторите на чешките документарни филмови, нивниот начин на работа, како и односот спрема протагонистите и развојот на првичната идеја до филм како целосно дело.
Токму поради таа причина, особена чест ни е дека програмата „Земја во фокус“ посветена на Чешката Република, оваа година ќе фестивалот ќе започне со една од најзначајните чешки режисерки на документарни филмови, која ја викаат и ‘мајка на тајм-лапс документарецот’, а тоа е режисерката Хелена Тшештикова. [“Среќни сме што оваа година успеавме да договориме и средба во живо со неа на „МакеДокс“, каде што таа ќе одржи и мастерклас за време на фестивалот, споделувајќи ги своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години]. Нејзиното творештво „МакеДокс“ како фестивал го следи уште од самиот почеток, а оваа година со нејзиниот филм Рене – Затвореник на слободата (René – The Prisoner of Freedom) ќе ја отвориме програмата „Земја во фокус“, по што ќе следуваат и други чешки документарни филмови од најновата чешка документарна продукција, како и студентски чешки филмови под менторство на ФАМУ, а во Детската и Младинската програма ќе видиме и неколку анимирани и доку-анимирани филмови за деца и млади.

Од фестивалот изјавија дека се надеваат дека со вака приготвената програма, оваа година посветена на Чешката Република, ќе ги задоволат вкусовите и на најголемите сладокусци на филмската уметност, а со присуството на некои од авторите на документарците од оваа програма и нивното љубопитство.
„Чешкиот филмски експеримент – два, нула, два, два“ започнува наскоро, затоа отворете ги очите и добро подгответе се…
Ќе биде интересно!
Програмата е поддржана од Амбасадата на Република Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија и Сивус – Групација Арикома.

***

[Извор:13. МакеДокс]

 

НЕМА КОМЕНТАРИ