?Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на „БИТ ФЕСТ“ беше отворена изложбата „Графички дела од македонски ликовни уметници“.

? Изложбата опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески.

?‍? Кустос на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста, а изложените дела се дел од Графичката мапа на Факултетот за ликовни уметности Скопје, издадена и публикувана во 1991 година и се дела на професори кои предавале на овој факултет.

? Заради покомплетна слика на периодот, неколку графики се репродукции (Чемерски, Ташковски, Хаџи Бошков, Мартиновски), со цел да ја докомплетираат претставата за графичката продукција од тој период и да придонесат во информативен и едукативен контекст.

НЕМА КОМЕНТАРИ