? Излезе третиот број на ГРАДСКИОТ КУЛТУРЕН МАГАЗИН СКОПЈЕ КУЛТ.

? Новиот, трет број на градскиот културен магазин-водич „Скопје култ“, кој излегува како двомесечник, донесува преглед на културните настани во градот предвидени за претстојните месеци (август и септември), како и авторски статии и интервјуа, со цел да се разбуди интересот за културата и уметноста и да се привлече поголема посета на претстојните културните настани, манифестации и фестивали. А такви во последните топли месеци ќе има навистина многу.

? Во новиот „Скопје култ“ ќе читате за една од најголемите манифестации на Културно-информативниот центар – Скопје, „Звуците на чаршијата“, која ќе се одржи кон средината на септември (16-17) на неколку локации низ чаршијата. Фокусот ќе биде музиката, но на овој фестивал ќе се претстават и други културни содржини, уметности, креативни индустрии… Од групите и издавувачите што ќе настапат, магазинот донесува интервју со младата и перспективна Дина Јашари, како и екслузивно интервју со ултрапопуларната Констракта, чиј настап во Скопје се очекува да го разбуди вниманието на публиката.

? Детскиот културен центар „Карпош“ го избра најдобариот роман за тинејџери за годинава, „Улица Изгрејсонце“, а неговата промоција е закажана за сепетември. Во МКЦ се случува омилнеиот фестивал „Здраво млади“, а дури два филмски фестивали се во тек, за таа цел „Скопје култ“ разговараше со Петрула Велјановска, дел од програмскиот тим на „Македокс“, како и со Жарко Иванов, иницијаторот на фестивалот на анимирани филмови „Флип бук фестивал “.

? Ова се само дел од содржините на новиот број на „Скопје култ“, чија интенција е да прерасне во препознатлив скопски културен водич, каков што му недостигаше на градот, а особено на младата, културна публика. Таа намера, со овој трет број за годинава, веќе се исполнува.

? Новиот број ќе го најдете на следниот линк:
?https://issuu.com/kulturnoinformativencentar

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ