Селото Велестово безмалку три децении е културен центар посетен од бројни поети и уметници од цел свет и несомнено е дека оваа манифестација има огромно значение за нашата земја бидејќи со неа ја изразуваме свеста за македонската традиција како и за зачувувањето и афирмација на истата.

 

Велестово е чардак на небото. Или барем, најблиску до него. Велестово е најсветла ѕвезда во нашето големо соѕвездие затоа што таму седи Создателот и Содржателот на сѐ: на земјата и на водата, на радоста и на раѓањето, на вечноста и непроменливата вистина.“ рече големиот Петре М. Андреевски во една ваква ноќ пред многу години, кога се славеше неговото творештво.

„Велестово е, всушност, еден облик на поетско вдахновение и една свечена илуминација што грее надалеку. Можеби и затоа „Поетската ноќ во Велестово“ е единствена со толку висока светлина, “ ќе рече нејзиниот идеен творец и покренувач, поетот Славе Ѓорѓо Димоски, родум од ова село.

НЕМА КОМЕНТАРИ