Несекојдневна, но оригинална и креативна соработка меѓу Ruth Oosterman и нејзината ќерка Ева со цел да се создадат заеднички слики. Oosterman е самоук уметник од Канада, која умее хаотичните линии на нејзината ќерка да ги трансформира во живописни слики на животни, пејзажи и портрети.

„Сакам да ја ослободам имагинацијата на Ева, така што ги задржувам оригиналните линии кои таа ги нацртала и согласно нејзината желба и визија јас ги доработувам, им давам таков лик каков што замислила. Ова можеби не се врвни уметнички дела, но секоја мајка знае дека цртежите на нејзините деца се повредни од било кое уметничко дело. Додавајќи им боја и одредени детали јас и давам пример како да ги продолжува своите дела во иднина. Насмевката на нејзиното лице откако ќе завршиме со цртање и сликање е бесцента…“

25

24

23

22

21

26

Погледнете и една друга соработка меѓу татко и син.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДигитални графити над ретро автомобили
Следна објаваФотографии со допир на фантазијата | Rosie Hardy
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ