По десетте совети за убав живот во малку квадрати, пред вас е мини дом кој одново воодушевува со генијалните идеи за повеќенаменска адаптација на стан со скромна површина. Станува збор за феноменално дизајниран животен простор од BosaSPACE, во кој ништо не е како што делува на прв поглед. Како што одминуваат стрелките на часовникот, така и ентериерот го менува својот изглед, комплетно прилагодувајќи се на модерниот животен стил на сопствениците. Флексибилниот мебел е идеално решение за мали домови со отворен план – лукаво осмислените парчиња овозможуваат максимално да се искористи просторот на повеќе начини, гарантирајќи им на станарите комфор и функционалност на домот во тек на целото деноноќие. Навидум компактниот кујнски простор може да се отвори, претворајќи се во работна маса, или, пак, удобна трпезарија за двајца, благодарение на трпезариската маса која се издолжува од паметно осмислениот кујнски остров. Потоа, истата таа едноставна кујна со трпезарија може значително да се прошири за вечерни дружења со пријателите, создавајќи место за седење за осум лица. За да се обезбеди доволно место за големата трпезарија, фотелјите и софата се преместувааат во соседната соба за спиење, што не е никаков проблем бидејќи францускиот кревет може да се преклопи на ѕидот. Кај големиот кревет, дури постои можност истиот да се трансформира во модерен кауч, доколку во дневниот престој/спалната соба е потребно место плус за седење. Панелот за телевизор е исто така мобилен елемент во просторијата, што го прави екранот видлив од било кој агол на станот – кујната, дневниот престој или спалната соба, а зад себе сокрива уште една модерна софа. Кога забавата ќе заврши, а ќе дојде време за спиење, двоседот на извлекување може да се пренамени во удобен кревет за преноќување на гостите. Ова се само дел од одличните идеи кои ги нуди станот кој постојано се менува, а денес е возможно да ги изведе речиси секој подобар столар или производител на мебел. Погледнете како можете да ја искористите малата квадратура во своја полза, и пронајдете ја омилената инспирација и за вашиот дом!

08:00

1

2

08:30

4

3

10:00

6

5

17:00

7

8

18:00

9

10

19:00

11

12

20:00

13

14

21:45

15

16

22:00

17

18

23:00

19

20

01:00

21

22

23

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Уништени“ слики | Cesar Biojo
Следна објаваЗа најдобрите пријателки
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ