Дизајнерот Sam Ben Hamida неодамна го заврши неговиот минијатурен стан од само 24 метри квадратни во Виена, Австрија. Истовремено, тој даде занимливи совети за тоа како да живеете убаво во толку мал простор.

01

“Отсекогаш сум живеел во мали простори. Преку мојата страст за прилагодување на мебел, и како студент на архитектура на Универзитетот за технологија во Виена, развив интерес малите ентериери да ги направам попријатни за живеење. Од аспект на моето работно искуство, јас го разгледував случајот на мојот стан од 24 m², кој се состои од соба од 15m² со кујна и купатило.Флексибилноста и истражувањето се клучните зборови. Неопходни се некои основни чекори, кои се илустрирани во 10-те совети кои следат.’’

1. Измерете и планирајте

02

Ако знаете дека ќе живеете во мал простор, тогаш секој квадрат ќе се пресметува. За да бидете сигурни дека вашиот мебел правилно ќе се вклопи, полека измерете се’: должината, ширината, па дури и висината на некои елементи, како што се таваните или прозорците – овие елементи имаат големо влијание при изборот на мебелот.

2. Скицирајте во 3D и размислувајте во 4D

03

Со други зборови, обидете се да замислите како ќе изгледа вашиот мебел во просторот (кој содржи три димензии), а особено како ќе се користи во текот на денот (што би било 4-та димензија, под назив ,,време’’).

04

Поставете приоритети за она што ви е навистина потребно и дизајнирајте го својот дом во согласност со нив. Кога се’ е поставено, а чувствувате дека се’ уште имате доволно простор, тогаш можете да се посветите на деталите.

05

Кога сме кај деталите: кога размислувате за декорациите, замислете ги како зачин за храна. Само вистинската количина ќе го направи оброкот ,,вкусен’’.

3. Што да се сокрие, што да се прикаже

06

Денес, секој од нас користи повеќе од еден електронски уред во домот. Тоа се еден куп кабли! Обидете се да пронајдете начини да ги сокриете, а и понатаму да ви бидат достапни.

07

Ова важи и за светлата. Колку повеќе ги имате, толку е поважно да ги сокриете. На тој начин, вашиот дом ќе изгледа поуредно и со попростран изглед.

08

Ставете го станот на диета! Од првиот ден кога ќе се вселите во вашиот ,,голем мал’’ дом, бидете селективни. Запрашајте се што ви е навистина потребно, а што не. Како и да е, сигурно несвесно ќе насоберете работи со текот на времето, што е потполно природно однесување. Но, ако не сте во состојба да ги складирате на паметен начин, ослободете се од нив. Бидете уверени дека во вакви животни услови, празниот простор може да биде повреден од бесконечниот неред. Во мали станови, повеќе се цени празниот простор отколку мебелот.

4. Изберете палета на бои

09

Ако отсекогаш сте имале омилена палета на бои, ова може да биде најлесниот чекор. Меѓутоа, доколку вашиот нов дом веќе има одредени тонови поради постоечките материјали, можеби ќе сакате да размислите како да ги усогласите. Прашајте ги пријателите за второ мислење, околу изборот на вистинската палета која ви прилега вам и на вашиот стан.

5. Променливи и подвижни нешта

10

Во простор od 24 m², изгубената површина која ја зазема вашиот кревет, може да биде драматичен губиток во текот на денот (освен ако не сте студент кој спие многу). Во тој случај, мултифункционалноста е клучот. Ако вашиот плафон е доволно висок, можете да користите кревет на кат. Ако не, размислете за кревет на извлекување. Денес, софите стануваат мошне удобни кревети и  многу лесни се за ракување. Она што сакате да го избегнете е постојано да бидете во соба која наликува на спална соба, особено ако планирате таму и да работите.

6. Мултифункционално и флексибилно

11

Малите станови често имаат само една главна соба, во која треба да правите се’. Но, тоа не мора да биде така. Всушност, можете визуелно да ја поделите вашата соба на зони. Во овој случај, постои зона за одмор и работна зона. Тие се одвоени со полица која неосетно го обележува раздвојувањето на двете зони. Кога сте во една од зоните, се’ уште сакате да ја почувствувате целата соба, бидејќи таа е можеби единствената која ја имате.

12

Кога ќе ја поделите вашата соба на зони, секогаш е од полза да можете да ја промените големината на тие зони, согласно вашите потреби. Во овој стан, некои од парчињата мебел се поставени на тркала. Ова овозможува зоната за одмор да се претвори во поголема дневна соба кога доаѓаат гости. Истовремено, работната зона може да стане попространа, за подобар комфор и фокус на работните обврски. Покрај тоа, вашата правосмукалка ќе ви биде многу благодарна кога ќе треба да минете под нив.

13

Сте имале ли некогаш чувство дека имате комплетно нов стан, секојпат кога ќе ја промените позицијата на мебелот? Зошто да не го имате постојано чувството за ,,ново’’?

7. Работа на различни места

14

Доколку сте студент или работите дома, долгото работно време може да биде прилично фрустрирачко, особено во мала просторија. Размислете за тоа да организирате различни точки, каде ќе можете да работите во различни позиции (седење, стоење, лежење…), и под различни светлосни услови. Тоа придонесува да се избегне чувството на бесконечно работење, а во исто време, отворате можност да им овозможите и на вашите пријатели да работат со вас.

8. Избегнувајте централно осветлување

15

Да се има еден силен извор на светлина на плафонот може да биде најлесниот и најефикасниот начин да се осветли собата. Но, понекогаш тоа  може да ја убие атмосферата во собата. Обидете се буквално да ја ,,ширите’’ светлината во вашата соба. Тоа делува смирувачки за очите – подобро е да се има простор со повеќе слаби светилки, отколку ,,вештачко сонце’’. Истовремено, да се има светло во секој агол на собата, дава чувство дека секој амбиент во вашата соба е интересен и посебен. Исто така, создава илузија дека просторот е поголем.

16

Истото правило може да се примени и во најинтимната просторија, односно вашата бања. Кога излегувате од под туш, најмалку би сакале да бидете блеснати од силните сијалици. Најдете едноставен начин да ги придушите светлата. Топлите LED-ленти се најдобар начин да го постигнете тоа – може да се сокријат било каде, не заземаат простор и трошат многу малку енергија. Доколку барате максимална пријатност, не постои ништо подобро од свеќи.

9. Пријателот сака да преноќи

17

Нема проблем! Бидејќи веќе сте во можност да создадете нов простор, можете да направите вториот кревет да се појави од нигде никаде. Многу е едноставно: кревет на надувување, или, пак фотелја на расклопување се добар избор во тој случај.

18

Обидете се на пријателите да им ги обезбедите истите услови за спиење кои и вие ги имате: исто светло, иста постелнина, иста боја. Тоа ќе им покаже дека навистина се грижите за нив.

10. Последно, но не и најмалку важно: Доме, сладок доме…

19

Што подолго живеете во вашиот дом, толку повеќе истиот станува дел од вас. И домот заслужува да добие внимание, еднакво на она кое си го давате себеси и на вашата околина. Прилагодете го, направете го посебен и откријте го дизајнерот на ентериер во себе!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПред да почнеш да ми судиш
Следна објаваУлица на троновите | Joe and Max
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР