Ако се сеќавате на емотивното, но поучно писмо на таткото кон неговата Малечка, тогаш ќе се согласите со ова правило. Ако сте запомниле што значеше „Сакајте ја…“, тогаш уште повеќе ќе Ви се допадне истото. Како нечиј родител, нечие дете и нечиј партнер. Мора да ги научиме нашите ќерки да ја увидат разликата помеѓу:

1

Маж кој ѝ ласка
и маж кој ѝ дава комплименти.

Маж кој ја сака поради тоа што може да биде
и маж што ја сака поради тоа што е.

Маж кој троши пари на неа
и маж кој инвестира во неа.

Маж кој се фали со неа во јавност
и маж кој му благодари на Бог што ја сретнал.

Маж кој за неа има копнеж
и маж кој ја љуби со целото свое срце.

Маж кој сака да ги подели ноќта со неа
и маж кој му се радува на утрото само поради неа.

Маж кој верува дека е благослов за жените
и маж кој знае дека таа е негов благослов.

И тогаш мора да ги научиме нашите синови да бидат таков вид на маж…

~ Непознат автор

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСофија Копола за Louis Vuitton
Следна објаваZooZoo светот на Vodafone
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР