Сакајте ја… кога таа пробува од Вашето кафе или чај. Таа едноставно сака да провери дали е по Ваш вкус.

Сакајте ја… кога Ве тера да се молите. Таа само сака да биде заедно со Вас во рајот.

Сакајте ја… кога Ве прашува дали можете да си поиграте со децата. Сепак, тие не се само нејзини.

Сакајте ја… кога е љубоморна. Од сите мажи кои можела да ги има, таа Ве избрала Вас.

Сакајте ја… и покрај нејзините здодевни навики кои Ве излудуваат. Запомнете, такви имате и Вие самиот.

Сакајте ја… дури и кога нејзиното готвење има лош исход. Таа сепак се обидува.

Сакајте ја… кога е бушава и несредена рано наутро. Прашање на неколку минутки е кога ќе се претвори во убавица.

Сакајте ја… кога ќе Ве замоли да им помогнете на децата со домашната работа. Таа само сака да бидете дел од домот.

Сакајте ја… кога Ве прашува дали изгледа дебела. Вашето мислење и е најважно, па потсетете ја колку е прекрасна.

Сакајте ја… кога изгледа заносно. Ваша е, затоа ценете ја.

Сакајте ја… иако поминува часови во разубавување. Таа само сака да Ви биде најубава Вам.

Сакајте ја… дури и кога Ви купува подароци кои не Ви се допаѓаат. Насмевнете и се и кажете „благодарам“.

Сакајте ја… кога плаче без причина. Не прашувајте ништо, само шепнете и дека се ќе биде во ред.

Сакајте ја… кога страда од ПМС. Купете и чоколадо, измасирајте ја или едноставно, разговарајте со неа.

Сакајте ја… и покрај фактот што ја исцедила Вашата кредитна картичка на шопинг. Таа несебично купува за семејството.

Сакајте ја… кога таа Ви кажува како да возите. Таа само сака да бидете безбедни.

Сакајте ја… кога се расправа. Она кон што таа цели е да направите нешто правилно.

Сакајте ја… бидејќи таа е Ваша. Друга причина не Ви е потребна!

*Погледнете и: Сакајте го…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПасус по пасус
Следна објаваКреативни маски за iPhone
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

30 КОМЕНТАРИ

  1. Moe mislenje e deka ovie nekolku raboti sto se napisani pogore se vo red , no sepak vo realniot zivot nikogas ne e taka – eve moj primer : prosetka niz grad i poracuvam za jadenje so devojkata – pred prodavnica: ke jadam X rabota … sakas i ti X rabota da ne si gladna >? ne ne ne sum gladna bez gajle … i na kraj koga ke po4nam da jadam doaga ona pogore :( ne me nerviraat tie raboti no ednostavno me dekoncentrira faktot sto prethodno bese ponudeno i odbieno ona sto sega go bara :) inaku jas sum tip koj smeta deka malite raboti go pravat zivotot taka da i uspesna vrska e onaa koja e zadovolna so mali raboti .. a to4no onie mali raboti se onie koi ke te nateraat nekogas da se zaprasas sto pravam jas ovde i dali e ova ona sto go sakam navistina :) pozzz ova bese samo moj primer od sekojdnevieto :( zalam ako nekoj se pronajde :)

  2. Кога се работи за љубов, секогаш постои само еден или една. Штета што машкиот мозок не функционира така, не ја спознава љубовта, па наместо тоа поставува вакви прашања. Секоја чест на исклучоците. Поздрав.
    (се извинувам што морав да дадам одговор на прашање кое не ми е наменето мене, но едноставно на ваков коментар не можев да останам рамнодушна.
    Ако ти ги бираш девојките на тој начин по материјално богатство, немој да мислиш дека и сите останати и девојки, но и машки го прават истото. Со среќа во потрагата по богатство.)

  3. Од мој личен аспект сметам дека за да се има една успешна врска потребно е да се интегрира синергија помегу две особи.
    Што мислам кога спомнувам синергија?
    Партнерите кои што ја користат само левата половина од мозокот нормално е дека тие нема да имаат успешна врска бидејки оваа страна се користи за донесување на заклучоци врз база на одредени факти.
    На пример еве испагаме, еве шетаме еве одиме по дискотеки и правиме еден куп работи не бидејки тие имаат некоја креативност туки тоа го земаме како обврска.
    Партнерот нормално го прифаќа сето ова мегутоа незнае како да ви опише дека тоа едноставно досадно и монотоно односно ја нема таа енергетска поврзаност со саканата личност .

    Додека десната страна од мозокот ја буди фантазијата и креативноста и кога би се споделила со саканата личност би резултирала со позитивен исход и би ги размрдала чуствата кај обајцата.

  4. Mazot ne znae kolku malku e potrebno za zenata da bide srekna……fakt e deka zenata se zrtvuva za semejstvoto i decata…toa e priroden instikt,dodeka kaj mazite e steknat…..ne ubeduvam tuku ednostavno toa e taka….i sekogas ke bide taka…isekoja zena ke se pronajde vo ovoj tekt..bravo…

  5. Ovaa tema e dosta dolga i siroka i site mozime da pisuvame za ova samo od licno iskustvo a ne kako treba da bide pravilno,spored mene treba da ima balans vo vrskata bez razlika dali se raboti za maz i zena ili decko i devojka znaci sekoj na sekoj da mu odi po kjeif i da ima obrazlozenie dokolku nesto ne treba da bide kako sto saka partnerot,megjutoa sekako treba zenskoto ili maskoto da go zasluzuva toa sto go bara a ne kako vo 90% od vrskite da e edniot dominanten vo vrskata pa da saka se da bide po negovo ednostavno da se i dvata razbrani lugje.Sum videl slucai koga maskoto domonira vo vrskata i zenskoto celo vreme e nekako kako prikradeno okolu maskoto i sekoja sekunda moli za vnimanie,sekoj moment ceka nekako da se prikrade do maskoto i nesto da mu pobara (primer da odime kaj moite ili da izlezime)sto e mnogu loso za edna vrska i sekogas tie vrski se napnati za zenskoto,a za nas kako maski ni odgovara da si imame nesto kako prikolka kaj sakame da ja vlecime.A od livcno iskustvo od sto bev mnogu razbran ostanav epten sam posle 6 god vrska ete sega odkako sum sam pominaa skoro 3 god i se uste se mislam dali sakam da sum vo vrska ili ne sakam povekje sum za ne ama izgleda ke moram neesto da baram oti jbg sam ne se zivee a inace sum ljut na cel zenski pol pozzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzz

  6. Искрено јас како машко не се срамам да кажам дека 90-95% не е така, но и лошо е што во денешново време сеуште живеат “фраерчиња” кои мислат дека Вие девојките сте од користи и до уште мал милион причини (секако дека не сте сите цвеќиња за мирисање). Иако некои од машките коментари што се погоре се пишани баш поради оној наш Македонски менталитет, за на крај да не го искоментираат тој-некој дека наводно е папучар или пак женкар. А кога би земале подлабоко да го анализираме, покрај почитување на овие да ги наречам “правила” ќе испадне најголем папучар во свет. Ова последново го мислев хипотетички немојте “мажишта” да го сватите како коментар од стилот мувата на капата. :)

    • Па ти, @Владимир, си вистински маж, за разлика од некои. Барем имаш храброст да го признаеш сето она што другите не можат, баш поради таа причина која ја наведе – мислејќи дека ќе испаднат кукавици, папучари или што уште не. Блазе си и на девојка ти со тебе, ако ја имаш.

      Многу убаво текстче, посакувам јас да сум конечно доволно среќна и да имам некој што ќе го прави тоа за мене ..

  7. Kolku ste smesni maskive sto pishuvate takvi idiotski komentari… :) Izgleda celo vreme ste naletuvale na nekoi sponzorusi sto ve izgorele pa sega site se isti neli? Hahahahh… Nema vrska, zenata e najslaba koga saka. Mene ne mi e glupavo da priznaam deka mu pripagjam na nekoj zatoa sto e taka, celosno mu pripagjam. Suetata na strana, go sakam poveke od se na svetov i nema nesto sto ne bi napravila za nego… Sekoj moment sto ke go pominam do nego mislam deka mi dava zivot, me leci, site problemi isceznuvaat… Go sakam i pokraj toa sto nekogas se odnesuva idiotski, go sakam i ne me interesira kolku pari ima zatoa sto ne mi trebaat. Go sakam i pokraj negovite maani zatoa sto znam deka i jas gi imam. Pari mozam da zarabotam sama, a da ziveam bez ljubov, sama nemozam. Nemozam bez nego. Ne bi poglednala drug, nitu pobogat nitu poubav, go sakam SAMO NEGO. Doslo i do situacija negovi drugari da mi se pustaat i nemam padnato na toa zatoa sto kolku i da sum ubava, kolku i da me posakuvaat srceto mi e za nego. Nema drug. I se nadevam deka i toj cuvstvuva isto i deka ne e idiot kako tie sto komentirale pogore . Prestanete so tie glupi stavovi za zenite i probajte da najdete nekoja sto ke ve saka vaka. Napravete da ve saka zasto MOZETE. ;)

  8. Се моли авторката на текстов да не се занесува многу… Кога жените ќе ги сакаат мажите за она што се тие а не за парите тогаш и ние ќе ве сакаме вас за она што сте… А сега мрш !

    • hmmm, ne znaev deka site maski imaat pari, jas mislev pak deka ima i nekoi koi i nemaat bas tolku pari. Cudno izgleda niv gi sakaat zenskite. Pa taka koga i Vie sto imate pari ne bi se zanesuvale so pomislata deka se se kupuv so pari pa duri i ljubovta, mozebi i nema da razmisluvate vaka. A koga Vie maskite bi naucile da sakate edna zenska, a ne pomislata da se ima sekoja, togas mozebi i zenskie bi Ve sakale za ona sto ste ;)
      btw. Avtorkata mi e samo imenacka, da nema zabuni !

  9. abe ne e sve do mana naogjanje ama ovde se gleda deka e zenska propaganda naj realno ako moze da mi najdete eden mash koj go ke go ili go pravi ova ja ke pocnam da go pravam istoto :D

    • haha, zatoa izgleda ne postoi sovrsen maz :) Ete zosto ti Sasko ne bides prviot, pa tebe da te kazuvame na drugi ;) Ama taka bi bil papucar neli, a dokolku ima nekoj sto go pravi ova sekako nema da veruvas i ti ke go nareces papucar. E toa e toj vas mozok za zal .

  10. Само ќе речам, секоја чест. Се надевам дека машкиот пол навреме ќе си ја чукне главата за да увиди какво богатство има покрај себе!

  11. бла бла бла, неиновативни веб страни, копирање и пишување глупости секојдневно колку crawl серверот на google да ги рангира повисоко. ПАТЕТИЧНИ СТЕ БЕ АЛОО !

  12. ABE AJ SEA VAKA AKO SI ZALJUBEN CHE JA SAKASH
    AKO NE SI SAMO CHE JA ISKORISHTISH I CHE SI ZAMINISH
    NE DEKA CHE JA ISKORISTISH TUKU DEKA I TAA SAMATA TOA GO SAKALA
    A AKO NE SI ZALJUBEN OVIE RABOTI NE TI TREBA
    OVA E SAMO ZENATA DA TE NAPRAJ DA BIDISH PAPUCHAR
    POZZ ;)

  13. „Сакајте ја бидејќи таа е Ваша.“ Подобро би звучело малку поинаку, како на пример: …бидејќи и таа Ве сака, …. бидејќи е со Вас, или сл. Жените не се нечија сопственост, нити се предмет или пак нечиј трофеј. Поздрав.

    • Преубаво звучи, затоа што кога некому припаѓаш со срце, душа и тело велиш јас сум негова без разлика на се :)

      • Не. Може некому да му ја „подарам“ мојата љубов и душа, но јас не сум ничија сопственост ( како и сите други останати).

        • Moe mislenje e, deka ako taa e MOJA..ne znaci deka mi pripagja vo bukvalna smisla, ,a tekstov e tolku ednostaven i prekrasen voedno, sto pocuvstvuvav zelba da i go napisam ova :
          najsakana….
          sakam da ti kazam, deka najdov odgovor na najteskoto prasanje…vo vrska so tebe…i toa, mi odgovori vo 2 nasoki… i za mene, i za tebe..
          ne se stedev dodeka barav odgovor.. sakav da znam zosto..zosto jas, zosto ti, zosto ne nekoj drug, zosto ne nekoja druga.. Stalno te prasuvav zosto me sakas, mislejki deka, ke dobijam odgovor koj ke mi odgovori i ova mesto ke go najdam…eve go… posledno.

          https://www.divianarts.com/46567

          Сакајте ја…
          https://www.divianarts.com
          Сакајте ја… кога таа пробува од Вашето кафе или чај. Таа едноставно сака да провери дали е по Ваш вкус. Сакајте ја… кога Ве тера да се молите. Таа само сака да биде заедно со Вас во рајот. Сакајте ја… кога Ве прашува дали можете да си поиграте со децата. Сепак, тие не се само нејзини. Сакајте …
          Share

          9 minutes ago……………
          Te sakam, zatoa sto si moja… druga pricina poveke na mene, ne mi e potrebna. Imaj najubav i najmiren son vecerva… jaske si legnam miren…bez tebe necelosen, no miren.
          Najsilnoto TE SAKAM do sega ti go prakjam. Zatoa sto si ednostavna, i moja.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР