Писмо на таткото до неговата малечка ќерка за нејзиниот иден избраник:

Неодамна, јас и твојата мама баравме одговор на Google. На половина напишано прашање, Google ни направи листа на најпопуларни пребарувања. На врвот на листата стоеше: „Како да го задржите заинтересиран?“. Тоа ме вознемири. Пребарав неколку од понудените линкови како девојките да бидат секси и сексуални, кога треба да му однесат пиво на момчето и како да направат за тој да се чувствува паметен, мажествен и супериорен. Во тој момент се налутив.

Малечка… не е, никогаш не било ниту некогаш ќе биде твоја задача „да го задржиш заинтересиран“.
Малечка, твоја единствена задача е да знаеш длабоко во душата, на тоа место кое сеуште не е расипано од одбивања, губиток и его; дека ти си таа која е вредна за сиот интерес (ако можеш да запаметиш дека секој еден од нас е вреден за интересот и дека твојата битка во животот е речиси освоена, ама тоа е писмо за некој друг ден).

Ако можеш да веруваш во својата вредност на овој начин, ќе бидеш привлечна во најдобра смисла на зборот: ќе привлечеш момче кој вреди за твоето време и кој ќе сака да го помине својот живот за да те заинтересира одново и одново секој ден.
Малечка, сакам да ти кажам за момчето кое не треба да го држиш заинтересиран затоа што тој ќе знае дека ти си интересна:

Не ми е важно дали ги става лактите на масата додека вечера се’ додека гледа во тебе како се смееш и не може да престане да те гледа.
Не ми е важно ако не може да игра голф со мене се додека игра со децата кои си му ги подарила и ужива во сите величествени и фрустрирачки моменти со нив, како што јас некогаш уживав со тебе.
Не ми е важно ако не трча по заработка се’ додека го следи своето срце кое секогаш ќе го врати кај тебе.
Не ми е важно дали е силен се’ додека ти дава простор да ја вежбаш силата која се наоѓа во твоето срце.
Не ми е важно за кого гласа се’ додека се буди секое утро и те бира тебе, ја бира честа во Вашиот дом и бира да те почитува секој ден.
Не ми е важно каква му е бојата на кожата се’ додека го слика платното на Вашиот живот со четката на трпението, жртвата, ранливоста и нежноста.
Не ми е важно дали е израснат во оваа или онаа религија, или без религија – се’ додека е воспитан да ја цени светоста на животот и да знае дека секој момент од животот со тебе е свет.

На крајот, малечка… ако налеташ на таков човек со кој јас би немал ништо заедничко, сепак би имале едно нешто… Тебе.

Затоа, на крајот малечка, единствената работа која што треба да ја правиш за да го задржиш заинтересиран е да бидеш тоа што си.

Твојот секогаш заинтересиран,
Тато

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЌе научите!
Следна објаваДевојче без страв од животните | Robin Schwartz
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР