По некое време, ќе ја научите суптилната разлика помеѓу држењето рака и врзувањето душа.
И ќе дознаете дека љубовта не значи наука и дека друштвото не означува сигурност.
И ќе почнете да учите дека бакнежите не се договори и подароците не се ветувања.
И ќе почнете да ги прифаќате Вашите порази со Вашата глава горе, ќе ги држите очите отворени со грациозноста на возрасна личност, а не со тагата на дете.
И ќе научите да ги градите Вашите патишта од денес, бидејќи утре земјата е премногу неизвесна за ковање планови.
По извесно време, ќе научите дека сонцето пече ако премногу стоите под него.
Значи, научете да ја садите Вашата сопствена градина и да ја украсите Вашата душа, наместо да чекате некој да Ви донесе цвеќиња.

И ќе дознаете дека навистина може да издржите…
Дека навистина сте силни…
И дека имате непроценлива вредност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРеклами за книги од 50тите
Следна објаваКако да го задржиш заинтересиран?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР