1

Скриена во прегратките на Barrio Norte, Buenos Aires, се наоѓа величенствена книжарница наречена El Ateneo Grand Splendid. Создадена во просториите на преубавиот некогашен Grand Splendid Theater, кој бил отворен во 1919.

Неверојатната градба била дизајнирана од талентираните архитекти, Peró и Torres Armengol, потоа служела како кино, за Fernando Manzone во 2000 да ја претвори во преубава книжарница, која годишно ја посетуваат околу еден милион луѓе од целиот свет.

Manzone во преобразбата ја задржал магијата на стариот театар. Сцената, раскошните детализирани балкони и црвените завеси доминираат во ентериерот меѓу богатите полици. Фреските на таванот сеуште сведочат за преполниот театар и силата на драмските чинови, а осветлените балкони ќе Ви дадат чуство како да присуствувате на некоја од претставите на Бољшој театарот во Москва.

0

2

6
3 5

4 7

Во 2008, книжарницата El Ateneo Grand Splendid беше именувана, од страна на The Guardian, како втората најубава во светот, што воопшто не изненадува, земајќи го во предвид автентичниот декор и атмосферата на театарот од 20-тите.  8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарискиот луксузен стан во кој живеела Coco Chanel !
Следна објаваBrunello Cucinelli – GENTLEWOMAN – Dandy стил во дигитална ера!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР