001

Oпуштено, спонтано и разиграно – на ова прекрасно дизајнирано поткровје е едноставно тешко да му одолеете. Полно е со инспиративни идеи, а уште повеќе со интересни детали кои му даваат посебен шарм, живост и убавина. Спакувано е во 78 метри квадратни (+16м2), но со привилигирана висина од 4,5 метри, која овозможува да биде конципирано на две нивоа. Прво со што освојува е блескавиот светол изглед и релаксираниот амбиент, постигнат со изборот на белата боја како основа за ѕидовите и подот, а потоа и со дрвените допири и колоритните акценти во пријатни тонови, хармонично искомбинирани во просторот. Секое катче е стилски уредено, со внимание посветено на декорот и деталите, а сепак делува непретенциозно, модерно и младешки. Омилена инспирација? Не е лесно да се избере! Нешта кои сигурно нема да ве остават рамнодушни се библиотеката и неодоливото катче за читање кои доминираат во дневната соба, експонираниот ретро фрижидер во бебешко сина боја, минималистичката бела кујна и оригинално средените спални соби. Миксот на различни парчиња мебел, украси, материјали и стилови како ретко каде функционира во овој стан, кој е подеднакво атрактивен и удобен за живеење. Кој не би посакал да има едно вакво поткровје само за себе?

002

003

004

005

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

СПОДЕЛИ
Претходна објава2014 | Oскаровци
Следна објаваМодата на Оскарите
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР