Париското кафе кое било исклучително омилено во европската повоена ера, каде што најголема популарност доживува во „Сонцето повторно изгрева“ на Ернест Хемингвеј е несомнено La Rotonde. Изградено околу 1910 година, со познати и избледени уметници од типот на Пикасо, Ривера, Матис (кои неслучајно го прикажувале La Rotonde во нивните слики), но најмногу од се’, редовно место за релаксација на Фицџералд, Сартр и Штајн. Во суштина, местото нема благороден сјај, но во основа, традиционалната француска понуда во овој кафе-ресторан со разумни цени прави да овој локал на Монпарнас биде на листата на најочекувани места за повторно отворање, бидејќи истиот се реновира до март оваа година.

Сместен на Carrefour Vavin, на аголот помеѓу булеварот Монпарнас и булеварод Распел – уште од почетоците на постоењето, сопственикот Victor Libion направи истиот да се стекне со имиџ на интелектуално збирно место за значајните уметници и писатели за време на меѓу-воениот период на Европа. Во текот на гореспоменатата креативна ера, соптвеникот им дозволува на уметниците кои гладувале да стојат во неговиот кафе-ресторан и да пијат едно кафе со часови, додека во текот на целиот ден јадат само еден бекет. Ако уметниците не може да си ја платат сметката, сопственикот секогаш ќе прифател слика за возврат; со што резултира денешните ѕидови да се оптеретени со собирање на уметнички дела, кои направија мини-музеј од La Rotonde.

До ден денес, La Rotonde не губи на својот имиџ затоа што останува да важи за популарно место за средба на интелигенцијата на Париз и интелектуалците ширум светот. Кога сета среќа на светот ќе Ве следи до Париз: не го заобиколувајте ова вонвременско библио-место!

1

2

3

4

5

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваThe Bridal Fashion Night за прв пат во Македонија
Следна објаваДекларација на љубов од Schwarzkopf
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР