Моден викенд Скопје ќе го направи специјален денот на љубовта и виното за сите идни невести со The Bridal Fashion Night кој ќе се одржи на 14 февруари, со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност и државност.

Вечерта ќе биде исполнета со модни ревии за сите дами кои се подготвуваат за најпосебниот ден во животот.
Идните сопруги кои се уште не се сигурни околу својот избор или веќе го имаат замислено својот идеален венчален фустан, ќе можат да го пронајдат во најновите модели на македонските дизајнери и реномирани бутици за венчаници : Студио Ziane, MCouture by Mila Kadriu, Al Aparel, Emili Exclusive Design, Ателје Zana и Бутикот за венчаници Bianka. Освен големиот избор на невестински фустани, на модната писта ќе можат да се видат и вечерни тоалети.

Креациите ќе ги носат манекенките од модната агенција „Подиум“, мејкап и бјути партнер на настанот се Cosmo во соработка со „FreshMinerals“(шминка), брендот Rolland во соработка со фризерските студиа Бубе Студио Ин и Cool Cut (фризура). Декор-партнери на настанот се FANCY Marriage„Ние ги организираме вашите спомени“-организација на свадби и други свечености. Моет и овојпат „Поврзува двајца за елегантен и весел Валентајн или за значајни моменти во животот“. Peugeot е секогаш тука да понуди соодветен модел на возило по мерка на сопружниците, за секој нов ден да им биде уживање при возењето.

Испратете ги личните податоци (име, презиме и возраст) на официјалната фан страна на Моден Викенд Скопје и резервирајте го своето место.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНе постои машки или женски сон
Следна објаваИнтелигенцијата на Париз | La Rotonde
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР