20 факти кои ја дефинираат Вашата врска со книгите можеби не се најпрецизна бројка, ама судејќи по истражувањата долж библиофилите, станува збор за најчестите навики во нивното секојдневие. Ако и Вие се вбројувате во таа група, тогаш би се пронашле во минимум половината од примерите подолу. А можеби и во три четвртини. Најверојатно целосно!

1

  1. Ги сакате Вашите книги, иако умеат да Ве расплачат од време на време.
  2. Може да бидете среќни со нив во еден момент, а во другиот да Ви ја уништат психата.
  3. Да одите заедно на многу места, вистински или измислени – во растојание од само неколку збора.
  4. Вашите книги се едноставно подобри од повеќето други.
  5. Добивате толку емотивен стрес што не можете да јадете, да спиете или да се туширате. Некогаш со денови.
  6. А кога ќе одлучите да спиете, заспивате со Вашата книга.
  7. Го сакате мирисот на книги.
  8. Паметите датуми од книгите.
  9. Понекогаш едноставно сакате да Ве остават насамо со Вашата книга, а понекогаш се случува премногу често.
  10. Ако на некому не му се допаѓа Вашата омилена книга, спремни сте дефанзивно да го одбраните нејзиното значење и постоење.
  11. Кога ќе слушнете некој страствено да раскажува за некоја книга која сеуште не сте ја прочитале, можно е да станете многу љубоморни.
  12. Ги сакате Вашите книги безусловно. Дури и кога ќе Ви ги вратат уништени после позајмица.
  13. Поради нив умеете да навлезете во тешки дискусии и да се расфрлите со субјективни аргументи.
  14. На крајот, знаете дека книгите ќе Ви го диктираат расположението.
  15. Посакувате најубавите приказни никогаш да не завршат.
  16. Не Ве нервира фактот што некои луѓе не умеат да ја разберат Вашата конекција со книгите.
  17. Барем еднаш сте се заљубиле во фиктивен лик.
  18. Не можете да си го замислите животот без книги.
  19. Забележувате книги каде и да се движите – во рацете на странец во метрото, како ѕиркаат од нечија чанта, како чекаат на масата во кафулето или како се уредно наредени на полиците во излогот… повикувајќи Ве да влезете внатре.
  20. И секогаш кога ќе видите книга, дури и да се работи за најкраткиот миг на Земјата, таа секогаш Ве тера да се насмевнете.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлатка гарсониера со паметен дизајн
Следна објаваНаправи сам | Книжевен Божиќ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР