На писателот не треба да му судите. Треба да го разберете.

.1.

Ернест Хемингвеј придонесе во голема мера да собраните совети од големите писатели добијат внимание со неговата позната опомена од опасностите на егото, додека го одржуваше својот краток и впечатлив Нобелов говор. Но, некои од неговите најдлабоки мудрости извираат од овој извадок во прилог, од неговата документарна книга „Hemingway on Writing“ каде овој великан дава компилација совети за остроумна медитација во авторскиот занает, тргнато на страна од неговите објавени дела и приватни писма. Насловен како „Вашиот соговорник“ односно „ВС“, Хемингвеј се обраќа на своите архетипски надежни автор, со прекар „Глувци“ и го нуди овој мудар, карактеристичен принцип на советување околу тоа како да се стане писател…

Глувци: Како еден автор може да се истренира себеси?

ВС: Следете што се случува денес. Ако видите риба што потскокнува од водата, Вие го гледате она што секој може да го види. Ако се замислите подлабоко, додека сте го набљудувале скокот на рибата, не е точно дека скокот Ви предизвикал емоции. Дали тоа било подигнувањето на водата поради движењето или начинот на кој рибата го свила телото, односно капките вода кои се распрснале околу местото на скокот? Запомнете ги звуците и светлината. Пронајдете го она што Ве направило емотивни и возбудени. Потоа запишете го, запишете го јасно така што читателот додека ги чита Вашите редови, ќе има чувство дека се наоѓа на местото каде што рибата потскокнала од водата. Ќе го има Вашето чувство. Тоа е тренинг за пет прсти.

Глувци: Во ред.

ВС: Потоа обидете се да размислувате со нечија туѓа глава. Ако се затекнете надвор од својата глава, ќе дознаете за разликите што, како и како се чувствувате во врска со тоа, споредбено со некој друг. Ако Карлос го пцуе Хуан, ставете се во чевлите на обајцата. Немојте само да размислувате кој е во право. Кога човек размислува така, тогаш констатира дали нешто е или не е во ред. Некои одлуки се донесуваат и некои мерки се превземаат. Како писател Вие не треба да судите. Треба да разберете.

Глувци: Во ред.

ВС: Слушајте. Кога луѓето зборуваат, слушајте ги внимателно. Не размислувајте и не предвидувајте што ќе Ви кажат. Повеќето луѓе воопшто не слушаат – ниту пак, го набљудуваат соговорникот. Всушност, мора да поседувате способност да влезете во една соба и кога ќе излезете, да го знаете се’ она што сте го виделе таму, и не само тоа. Ако таа соба Ви дала некое чувство, треба да знаете што во таа соба Ви го предизвикало чувството. Обидете се да го вежбате ова. Кога сте излезени низ улиците на градот, набљудувајте како луѓето се разликуваат меѓусебно по начинот на кој излегуваат од такси или од својот автомобил. Постојат илјадници примери. И секогаш мислете на другите луѓе.

„Hemingway on Writing“ е ризница на мудроста – од корица до корица. Надополнета со повеќезначајни совети за пишување, од практични до филозофски, од примери на други книжевни великани од типот на H. P. Lovecraft и F. Scott Fitzgerald, тој несебично упатува на континуиран и самоуверен тренинг, посветен на оние кои навистина го чувствуваат писателот во себе.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПотпетици инспирирани од бивши љубовници
Следна објаваСкриена тајна | Pochiko Ho
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР