„Ми треба Вашата помош. Ми треба да ми кажете што има ново во Русија, што е интересно во Малави, а што не е во ред на Исланд. Книгите може да бидат класици или сегашни омилени. Тие може да бидат нејасни народни приказни или комерцијални триумфи. Нека бидат романи, раскази, мемоари, биографии, наративни песни или мешавина од сиве овие работи. Сите ги прашувам, ако сметаат дека одредена книга се смета за дел од литературата во една земја некаде во светот – ох, и дека таа е добра.“

Вака започнува блогот на Ann Morgan, писателка од Лондон, која за себе вели дека моментот на случување на Олимписките игри во Лондон 2012 година ја натерал да истражи повеќе за признатите држави од страна на ООН и врз основа на таа листа, со 196 независни имиња на држави – Morgan сфатила дека нејзините полици претежно се исполнети со британска или американска литература, иако себеси се смета за космополит.

1

Во тој момент, мисијата започнува: без да се срами да признае дека нејзиното „знаење за светската литература е срамно“, таа отвора персонален блог каде бара помош од читателите во светот да споделат со неа препораки, критики и насоки за таа да успее во текот на наредните 12 месеци да прочита книги за кои никогаш предходно нема чуено во животот. Тоа не било лесно, вели таа – во согласност со Здружението на автори, само 3% од книгите кои се објавуваат во Велика Британија годишно, се всушност, преводи. Постојат голем број на јазици кои немаат допирна точка со превод на англиски јазик. Друг неолеснителен аспект е тоа што одредени земји имаат култура на речиси исклучиво усно раскажување, додека други држави имаат Влади кои не сакаат да ја споделат својата уметничка содржина поради страв да не биде оштетена од западната култура.

На крајот, таа успева во тоа. Со укажаниот интерес на многу читатели, автори, сопственици на книжарници, библиотекари и библиофили – веста брзо се шири низ кругот на книжевното семејство, за кое се испостави дека е навистина големо. За да им ја укаже честа и благодарноста, Morgan пишува рецензии и артикли посветени на секоја книга и секоја држава поединечно, се’ додека не стигне до бројката од 196 наслови…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСоздавајќи се себеси
Следна објаваКуќата во која ќе живееш утре
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР