Познат и почитуван архитект решил да се пензионира и да се посвети на семејството. Тој го известил шефот дека се повлекува. Шефот сепак инсистирал да заврши уште една последна градба пред да ја напушти работата. Архитектот неволно се согласил и започнал со работа. Требало да проектира една куќа. Тој претходно работел на многу куќи, се посветувал до максимум, а сега гледал само да ја заврши работата. Неговата незаинтересираност и непосветеност можела да се согледа и од градбата, но тој не се грижел за тоа, знаејќи дека тоа е последната градба на која работи.

Кога куќата била завршена, шефот дошол, ја отворил влезната врата и се свртел кон архитектот: “Еве оваа куќа е за тебе. Тоа е мојот подарок за мојот најдобар работник!”

Архитектот останал шокиран од неочекуваниот развој на настаните. Исто така бил многу лут, бидејќи ако знаел дека ја гради сопствената куќа, ќе ја изградел многу поинаку вложувајќи поголеми напори.


Така е и со нас. Сите го градиме сопствениот живот, секој ден, секој час, често вложувајќи помалку од она што всушност можеме.

Животот е “направи сам проект “. Твоите навики и изборите кои правиш денес, ја градат куќата во која ќе живееш утре, го градат твојот живот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава196 книги за да се прочита светот
Следна објаваСовршено вклопени улични дела
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР